(Видео) Новогодишна честитка од Ковачевски: Никој нема да биде сам за празниците, следната година очекувајте повисоки плати и пензии

Премиерот Димитар Ковачевски објави новогодишна честитка на Фејсбук, каде порача дека никој нема да биде оставен сам и најави дека во 2023 година ќе има зголемување на платите и пензиите.

Среќни Новогодишни и Божиќни празници!

Јас и моето семејство ви посакуваме многу радост, добро здравје и спокој.

Во новата 2023 година продолжуваме уште подобро и уште поодлучно за сигурна и европска иднина.

Сигурен сум дека наредната година нашата држава ќе продолжи да напредува и да ги остварува целите. Платите и пензиите ќе продолжат да растат, а ние продолжуваме и понатаму со нови инвестиции кои ќе значат подобар живот за сите.

Среќни празници, да сте живи и здрави! – напиша Ковачевски на Фејсбук.

ЛИНК од видеото