Вработените во Водовод ги затворија вратите за да слават, граѓаните останаа пред заклучени врати во работен ден

Водовод  ги заклучи вратите за граѓаните, ама затоа ги отвори прозорците за музика и добро расположение. Тие што денеска дојдоа да си ги платат сметките, останаа во чудо. Дојдовме бидејќи е работен ден, велат. Некои дури се обидоа да стапат во контакт со операторите во Водово , но залудно, бидејки и тие очигледно славеа.

Сител побара објаснување за денешниот инцидент, но ни беше одговорено дека благајничките каси денеска се затворени во 12 часот заради сложување и предавање на финансиските средства во банките. Граѓаните кои нашата екипа ги сними предпладне го демантираа ова.

На веб страницата на Водовод  стои дека неработни денови  се 31 декември и втори јануари, а работно време е напишано и на вратата на зградата. Тие што денеска сакаа да ги платат сметките, сепак ке ја почекаат следната 2023 година.

Вработените во Водовод ги затворија вратите за да слават, граѓаните останаа пред заклучени врати