Connect with us

Македонија

СРЕЌНА НОВА 2023 ГОДИНА, НЕКА Е УСПЕШНА И БЕРИЌЕТНА ЗА СИТЕ 🎉

Published

on

Почитувани булеварци,

Тимот на булевар.мк на Вас и Вашата фамилија Ви посакува Среќна Нова 2023 година и среќни новогодишни и божиќни празници со желби за среќна, успешна и бериќетна година.

Ви посакуваме да ги надминете предизвиците и проблемите во животот и да уживате во убавините кои тој ги нуди.

Сакајте се и почитувајте се!

Нека новата година донесе само убавини и радости, добро здравје за сите🙏

Македонија

Истрага за опожарено кафуле во Кисела Вода, штетата повеќе од 450 илјади денари

Published

on

Основното јавно обвинителство Скопје поведе истрага против две лица, а по уште едно трага во врска со намерно опожарување на угостителски објект – кафуле на улицата „Христо Татарчев“ во Кисела Вода.

На 13 ноември, околу 3 часот наутро, тројцата со пожар предизвикале имотна штета од поголема вредност во износ од околу 450 илјади денари. Со оглед на тоа што кафулето е лоцирано во поголема станбена зграда, постоела опасност тие со пожарот да предизвикаат и значителна опасност за животот и телото на станарите.

На местото пристигнале со автомобил “Фолксваген голф“, се паркирале во близина на кафе барот, а едниот осомничен останал во возилото да чека. Вториот осомничен зел секира од багажникот и го скршил лизгачкото стакло, додека третото лице кое е идентификувано и се преземаат мерки за негово пронаоѓање, запалило оган со бензин. Потоа сите заедно избегале од местото.

Истрагата е отворена, бидејќи со дејствијата како соизвршители предизвикале – Тешки дела против општата сигурност по член 292 став 1 во врска со член 288 став 1 од Кривичниот законик. За двајцата осомничени кои се веќе обезбедени, по предлог на јавниот обвинител, определена им е мерка притвор.

Continue Reading

Македонија

СО АМЕРИКАНСКИ ПАРИ ВО СТОБИ СЕ ВРШИ КОНЗЕРВАЦИЈА СО ЛОКАЛНИ МАТЕРИЈАЛИ, ИСТО КАКО КОГА БИЛЕ ГРАДЕНИ ОБЈЕКТИТЕ

Published

on

Пролетва продолжуваат работите за заштита на Теодосијанската палата во локалитетот Стоби

Работите на конзервација и заштита на античкиот локалитет Стоби годинава се изведуваат во две фази, во рамките на проект финансиран од американската Фондација „Каплан“ во вредност од 300.000 евра. Пролетниот дел од проектот се фокусираше на демонстрација на нови методи за конзервација од страна на стручњаци од Велика Британија, кои покажаа како се применуваат нови техники и какви материјали ќе се користат.

Во втората фаза, која се реализира во моментов, се одвива практична обука за археолозите и конзерваторите од Националната установа „Стоби“. Целта е зачувување на ѕидовите и површините на локалитетот во нивната оригинална состојба.

Современ пристап за зачувување на историското наследство

„Овој пристап, што го применуваат британските експерти со долгогодишно искуство, нè учи на нови методи кои се разликуваат од традиционалните пристапи. Наместо надѕидување и додавање на нови слоеви, ѕидовите се зачувуваат со сите нивни несовршености, за да се одржи автентичноста,“ објаснува археологот Димитар Николовски од „Стоби“.

Минатата година конзерваторските активности беа насочени кон зачувување на мозаиците во перистилот, додека годинава се фокусираат на архитектонските остатоци, особено на ѕидовите и мозаичките подови. Новите методи на конзервација вклучуваат употреба на локални и регионални материјали, како песок од Вардар, гасена вар на антички начин, како и вулкански туф од Пробиштип.

„Целта е да се користат материјали идентични со оние од времето кога се градела палатата. На овој начин се зачувува автентичноста на локалитетот,“ додава Николовски.

Истражувања на резиденцијалниот и комерцијален кварт

Есенва на локалитетот Стоби се истражува населба која се наоѓа на највисокиот дел од градот, за која се смета дека претставувала резиденцијален и комерцијален кварт.

„Станува збор за организиран урбан систем со куќи, продавници и работилници. Кон крајот на 6. и почетокот на 7. век, со напуштањето на Стоби, градот престанува да функционира како урбана целина. Во подоцнежниот период, тука живееле изолирани сточари и фармери,“ истакнува Николовски.

Со овие активности, локалитетот Стоби добива современ пристап за заштита и презентација на своето историско наследство, овозможувајќи зачувување на неговата автентичност за идните генерации.

Continue Reading

Македонија

Д-р Колев: Македонија е во првите 20 земји во свет по трансплантација на срце

Published

on

Во подкастот ЗРАК со д-р Марина Вукашиновиќ, зборуваше и доктор Александар Колев, кардиохирург, кој се осврна на процесот на трансплантација на срце. 

Колев вели дека во последните години Македонија доста напреднала на ова поле.

„Од 2020 година до сега се направени 11 трансплантации. За волја на вистината, во однос на бројот на жители тоа ја издигнува Македонија во првите 20 држави во светот по број на трансплантации по глава на жител, рече Колев.

Тој додаде дека и многу побогати и поразвиени држави од Македонија заостануваат зад нас кога станува збор за трансплантации.

Колев, се осврна и на кардиоваскуларните болести Македонија, посочувајќи дека заболуваат и се повеќе млади луѓе 

„ Кога граѓаните ќе дојдат во поодминати години сите развиваат одредена срцева слабост имаат коронарна артериска болест, исхемична срцева слабост и слично но има и млади пациенти кои имаат врдени аномалии или кои биле изложени на цитостатици. Ова не е болест само на возрасната популација, туку возрасната граница се повеќе се спушта“ посочи тој. 

Целата епизода од подкастот ЗРАК гледајте ја на следниот линк

https://youtu.be/FnbcWlgWJSE?si=vksVtbLEBILOBaYK

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк