Connect with us

Македонија

Ќерката на Заев со крокодилска ташна од 2650 евра – „Биди Александра, скенирај сметки“ (ФОТО)

Published

on

Ќерката на екс премиерот Зоран Заев кој сега е бизнисмен и сопственик на фондација носи ташна вредна над 8,5 минимални плати во Македонија.

Александра Заева на социјалните мрежи се фали со чанта од брендот Ив Сен Лорен која е изработена со врежана светла крокодилска кожа.

Ако парите ги заштедиле од скенирање сметки Александра за 2650€ поврат на пари од УЈП требало да скенира сметки во вредност од вкупно 17,666 €.

Информацијата за нејзината прескапа чанта е објавена на Твитер.

Македонија

Ѓорѓиевски: Заедничка посветеност за стабилност и безбедност на граѓаните

Published

on

Денеска, на седницата на Управувачкиот комитет за координација и управување со системот за кризи, под раководство на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, се дискутираше за унапредување на кризниот менаџмент. На настанот присуствуваа високи претставници од Владата, ЦУК, Дирекцијата за заштита и спасување, како и национални институции.

Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на општина Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС, ја истакна потребата од заедничка работа меѓу централната и локалната власт за изградба на ефикасен систем за справување со кризи. Како клучни приоритети, тој ги посочи реформите во противпожарната заштита, подобрување на инфраструктурата и создавање финансиски одржливи механизми за заштита и спасување.

Со обезбедување ново противпожарно возило, простор за противпожарна станица и мултифункционален багер за расчистување на речните корита, општина Кисела Вода покажа проактивност, но Ѓорѓиевски потенцира дека е неопходна поголема поддршка од централната власт за надминување на системските предизвици.

“Превенцијата е клучниот елемент за справување со кризи. Само преку заедничка посветеност ќе обезбедиме стабилност и безбедност на нашите граѓани,” истакна Ѓорѓиевски.

Continue Reading

Македонија

Митревски бранеше со температура 39,5 степени: „Знаев дека морам да бидам на располагање“

Published

on

Македонија и Австрија одиграа исклучително возбудлив и изедначен натпревар, кој заврши со реми 29-29, благодарение на голот на Кузмановски во последната секунда. Натпреварот беше драматичен до самиот крај, со наизменични водства и неизвесност која кулминираше со израмнувањето.

Македонскиот голман Никола Митревски, кој само неколку часа пред натпреварот се соочил со висока температура, го оцени резултатот како најреален исход од мечот.

„На крајот извлековме реми. Натпреварот беше изедначен во сите 60 минути. Се играше гол за гол, на крајот тие дадоа на 4 секунди до крајот, ние можеби на 4 стотинки. Најреално. Во првиот дел имавме 2-3 пати водство и од три разлика, но не успеавме да го задржиме. Имавме шанси да победиме. Во вториот дел го презедовме повторно водството, тие израмнуваа. На крај поведоа, ние израмнивме и тоа е тоа,“ изјави Митревски.

Тој откри дека, и покрај здравствените проблеми, не размислувал да се откаже од настапот:
„Пред мечот ‘горев’, но не мислев да се откажам. Сличен проблем имаа уште неколкумина од нашиот тим, но и тие стиснаа заби,“ додаде тој.

Митревски ја опиша и својата состојба пред натпреварот: „Ве молам, држете се настрана од мене. Пред неколку часа имав температура од 39,5 степени, но знаев дека морам да ѝ бидам на располагање на македонската репрезентација со оглед дека имавме неколку играчи со здравствени проблеми,“ рече тој.

Ова реми носи нови предизвици за македонската репрезентација, која покажа борбеност и тимски дух, дури и во најтешките моменти.

Continue Reading

Македонија

Во сообраќајна несреќа во мавровско повреднеи две лица

Published

on

На 21.01.2025 во 13.26 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на регионалниот пат Мавровска крстосница – Дебар, пред крстосницата за с.Скудриње, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Ф.К.(65) од с.Равен, гостиварско и патничко возило „фолксваген голф“ со дебарски регистарски ознаки, управувано од Џ.М.(38) од Дебар.

Во несреќата со телесни повреди се здобил возачот Ф.К., а неговата сопатничка Л.К.(48) од Република Албанија со престој во с.Равен се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во болницата во Гостивар.

Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Гостивар.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк