МАКЕДОНЦИ ВО АРГЕНТИНА – Евтим и Илинка Петко дошле во Буенос Аирес во 1917 каде живее нивната 81-годишна ќерка Ирма

Има илјадници приказни за Македонци кои бегајќи од сите делови од Македонија, кои биле под окупација, оделе и во најдалечните земји низ светот по подобар живот.

Една од тие е и за фамилијата на Евтим и Илинка Петко од селото Шула, која денес е во границите на Албанија. Тие се доселиле во Аргентина, каде продолжиле да ја негуваат македонската традиција.

МАКЕДОНЦИ ВО АРГЕНТИНА ВО 1917 г.

Евтим Петко е Македонец од село Шула, во делот од Македонија наречен Мала Преспа, којшто денес е под власт на Албанија.

Евтим со неговата сопруга Илинка, исто така по народност Македонка, се преселил во Аргентина во 1917 година. Имале четири деца, а една од двете ќерки, Ирма Елена Петко, денес на 81 годишна возраст, сведочи дека биле национално свесни Македонци.

Ја пренесуваме приказната објавена на страницата на Фејбук Macedonia : a True Endless Story … која објавува документи од историјата и животот на Македонците.

МАКЕДОНЦИ ВО АРГЕНТИНА ВО 1917 г.

Евтим Петко е Македонец од село Шула, во делот од Македонија наречен Мала Преспа, којшто денес е под власт на Албанија.

Евтим со неговата сопруга Илинка, исто така по народност Македонка, се преселил во Аргентина во 1917 година. Имале четири деца, а една од двете ќерки, Ирма Елена Петко, денес на 81 годишна возраст, сведочи дека биле национално свесни Македонци.

Ирма исто така сведочи дека Илинка зборувала на мајчиниот македонски јазик, додека Евтим покрај покрај македонски знаел грчки и албански.

Семејството Петко, со другите Македонци во Аргентина, ги негувалe народните обичаи во македонскиoт клуб во Буенос Ајрес, каде што се дружеле, „играле танци во круг“, односно ора, готвеле „питули(ци)“ и „бурек“ итн. Им помагале на Македонцитe што останале во Македонија праќајќи разни пратки, претежно со облека.

Даваме на увид еден исказ од Ефтим Петко, заверен во кафе барот „Лос Амигос“, во којшто тој сведочи дека е од Македонија и дава краток приказ на нејзината насилна поделба.

„Кафе бар ‘Лос Амигос’

Од Е. Петко и Синови

(ул.) Агуеро 1898 Саранди

Евтим Петко, роден во 1886г. во Шулин, Корча

Прво доаѓање (во Аргентина) на 17/2/1917 со Илинка Петко (од) Македонија, Европа

Во 1924г. останавме под Албанија

Во 1886г. роден сум јас и Илинка во 1896г.

Знамето турско, Турција ја напушти мојата земја. Во 19(**) г. влезе Србија, Грција влезе во 1912г., во 1913г. влезе Бугарија, во 1914г. влезе Грција до 1918г. Одново влезе Грција и остана до 1923г. Во 1924г. влезе Албанија. Цела Македонија е поделена помеѓу Србија, Грција, Бугарија, Албанија. “ —/