Мелани Тарчуловска го насмеа студиото во Ѕвездите на Гранд: Го бирам Ѓорѓе Давид бидејќи никој не го одбра

Вчеравечер на големата сцена на „Гранд“ се претстави и 17-годишната Мелани Тарчуловска, ќерката на Соња и Јохан Тарчуловски. Таа ги изведе песните „Пожели среќу другима“ и „Тажна љубов среќна песна“.

И покрај големата трема која се слушаше во нејзиниот глас, успеа да се избори и да ја добие наклонетоста на жирито, кое ја награди со 5 гласа, а за свој ментор го избра Ѓорѓе Давид.

Саша Поповиќ во еден момент ја праша дали го познава Ѓорѓе од порано и зошто го избрала него.

„Никој не го избра вечерва“ – го насмеа таа целото студио со својот искрен одговор.

„По оваа реченица, среќен ти пат за Скопје, овде нема што повеќе… Ѓоле дали ја сакаш“ – се пошегува Поповиќ.

Zvezde Granda - Cela emisija 09 - ZG 2022/23 - 02.01.2023.