Connect with us

Македонија

Во преминот меѓу зградите, направил дуќан! – Жителите се жалат дека нема од каде да поминат

Овој тунел е предвиден за премин за жителите од оваа зграда, на улицата Илинден во Тетово, но веќе не е така.

Истиот е претворен во продавница.

Општина Тетово одобрението го издала на 31 октомври, но по жалбите од жителите дека им е зафатена патеката по која минуваат, Општината на 12 декември го поништила решението, но патот не е ослободен!

„Овој човек ни дојде, два пати се случува ова, еднаш дојде, некој друг живееше, тој го спречи, го избрка. Сега повторно доаѓа, но тој ден беше празник, постави ѕид, ене преминот е таму, но тоа не е наш влез, немаме од каде да поминеме. Си направи дуќан. Сега од каде да поминуваме ние? Сите имаме исправни документи, нè лажат, всушност тој украл! Сер жалевме со адвокат, наше право е но тој си прави, како прави,не знам“, вели жителка..

Адвокатот Виктор Стојановски кој ги претставува жителите вели дека општината ја согледала направената грешка и го поништила решението кое издала пред неколку месеци.

Прашавме во Општината  како е издадена дозволата и зошто  по поништување на истата просторот не е ослободен и од страна на Општинскиот инспекторат? Од таму велат дека лицето кое го затворило овој простор сега се жали во второстепениот суд и дека процесот се уште е во тек.

„Во врска со барањето на жителите од зградата, Општина Тетово ја поништи одлуката со број 10-283. Во моментов предметот е во второстепен суд кој треба да одлучи за правосилноста на оваа одлука. Потоа ќе се преземат соодветни мерки согласно судската одлука“, велат од општината.

ТВ21 побара став од лицата кои се декларираа како сопственици, но не прифатија на зборуваат пред камера.

Во појаснување за ТВ21, еден од сопствениците ни рече дека ова место е во негова сопственост од 2019 и дека не е премин туку приватен имот-деловен објект.

Вели дека исто така сега за сега му е отфрлено барањето за соединување на двата локали, меѓутоа вели дека поседува имотен лист.

Додаде дека ќе се придржува до законските процедури и ќе бара оштета.

Македонија

Мицкоски: Обвинителството да постапува против ширењето паника и страв за мигрантите

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, повика Јавното обвинителство да преземе мерки против, како што рече, организираното ширење паника и страв во јавноста поврзано со мигрантското прашање.

Мицкоски изјави дека ваквите појави, кои според него доаѓаат од структури блиски до СДСМ, претставуваат сериозен проблем и форма на психолошко насилство врз граѓаните. Тој нагласи дека дезинформациите и алармантните пораки за наводни мигрантски сценарија создаваат несигурност и вознемиреност кај населението.

Според него, институциите треба да се фокусираат на утврдување одговорност за оние кои, без докази, шират страв и ја нарушуваат јавната стабилност. Мицкоски истакна дека безбедносните политики мора да се водат одговорно и транспарентно, без политички манипулации.

Тој додаде дека државата има обврска да ја штити безбедноста на граѓаните, но и да спречи злоупотреба на чувствителни теми за дневнополитички цели, нагласувајќи дека ширењето паника не смее да остане неказнето.

Continue Reading

Македонија

Претреси и апсења на повеќе локации во Скопје, приведени 14 лица

Во координирана акција на полициските служби низ повеќе локации во Скопје, приведени се 14 лица, соопштија од надлежните органи.

Акцијата била спроведена рано утрово и вклучувала претреси на различни адреси во главниот град. Како што се наведува, мерките биле преземени по претходни оперативни сознанија, а насочени се кон откривање и сузбивање на организирани облици на криминална активност.

Полицијата потврди дека сите 14 приведени лица се задржани за понатамошни разговори и дека истрагата продолжува. За дел од нив се претпоставува дека се поврзани со ист предмет, а по комплетирање на доказниот материјал, од страна на надлежното обвинителство се очекуваат и официјални обвинувања.

Од МВР информираат дека ваквите акции се дел од континуираните напори за борба против криминалот и за зголемување на чувството на безбедност кај граѓаните. Полицијата апелира до сите лица да соработуваат со службите и да ги почитуваат законските процедури.

Во текот на денот се очекуваат дополнителни информации за причините за приведувањата и евентуалните правни квалификации на делата за кои се сомничат лицата опфатени со акцијата.

Continue Reading

Македонија

Африм Гаши го проследи барањето за одземање на пратеничкиот имунитет на Јанчев до надлежната собраниска комисија

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, го проследи барањето за одземање на пратеничкиот имунитет на пратеникот Јанчев до надлежната собраниска комисија, информираат од законодавниот дом.

Постапката е иницирана согласно Деловникот на Собранието, а Комисијата треба да го разгледа доставеното барање и да даде мислење, по што конечната одлука ќе ја донесат пратениците на пленарна седница.

Од Собранието појаснуваат дека ваквата процедура е редовен институционален процес кога надлежните органи бараат укинување на имунитет со цел да се овозможи водење на понатамошна постапка.

Засега нема дополнителни информации за роковите во кои Комисијата ќе постапува, ниту за деталите поврзани со предметот, но се очекува институциите да постапат во рамките на своите законски надлежности.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг