Светот во Ш0K откако првак во карате и тренер на деца се погубени во Иран!

Иран погуби две млади момчиња, едниот шампион во карате, а другиот тренер за деца. Мохамед Мехди Карами и Сејед Мохамад Хосеини беа обесени рано утринава, објави државната агенција Фарс.

Двајцата, кои, наводно, учествувале во протестите против режимот минатата година, беа осудени за убиство на Сејед Рухола Аџамијан, член на паравоените сили, на почетокот на ноември минатата година.

41 демонстрант се осудени на cмpт во последните неколку месеци.

Мохамед Хосеин Агаси, адвокат кој го бранеше Карами, објави на Твитер дека Карами не добил конечни права да разговара со своето семејство пред да биде погубен.

Адвокатот додаде дека Карами во средата започнал штрајк со глад против службениците кои не му дозволувале на Агаси да го застапува.

Според иранските власти и иранските медиуми, во изминатите неколку месеци се осудени на смрт 41 демонстрант, но бројот може да биде многу поголем.

Карами (21) беше иранско-курдски карате шампион. Неговиот братучед изјави за Си-Ен-Ен дека Карами бил храбар и интелигентен млад човек кој почнал да се занимава со карате на 11-годишна возраст.

Тој се приклучи на иранската младинска репрезентација и подоцна го освои националниот шампионат.

Таткото на Карами: Изгубив надеж, ми го осудија детето на cмpт.

Минатиот месец, родителите на Карами објавија видео на социјалните мрежи во кое ја молат државата да му го поштеди животот. Неговиот татко рече: „Мојот син е меѓу шампионите во карате на Иран, има неколку национални титули и беше четврти член на иранската репрезентација. Ве молиме откажете ја наредбата за погубување“.

Карами беше осуден на 5 декември, помалку од една недела по почетокот на судењето во Техеран за наводно убиство на паравоен член.

Амнести интернешенел, независна организација за човекови права, го опиша судењето како бесмислено.

Семејството на Карами тврди дека тој бил мачен во затвор и му бил забранет пристап до адвокат.

Амнести интернешнал ги објави изјавите на таткото на Карами: „Секое утро одам во суд и во затвор, а потоа бесцелно шетам по улиците.