Стружанец СО ПУШКА УБИЛ десетици КУЧИЊА – Бунт на социјалните мрежи

Бесправна држава, примитивно општество во кое владеат локални шерифи – резултатот е оваа бруталност на која сведочат денес жителите на градот Струга. Манијак, личност што не може да се нарече човек охрабрен од нефункционалните институции и распадот на системот во оваа држава одлучил утрово да посегне по животот на десетици маалски и домашни миленици со пушка. Ладнокрвно ја пролеал нивната невина крв низ улиците на Струга, велат од Анима Мунди.

– И како да не е убиство, како да не е загрозување на јавна безбедност и како да нема закони во оваа држава ниту пак институции една служба што навидум личи на комунална ги собира лешевите на невините животни за да ги фрли во депонија, подалеку од сечии очи со очигледна цел да се прикрие ова громорозно убиство, се вели во објавата на Анима Мунди.

Граѓаните веќе се побунија на социјалните мрежи. Едни велат ги изедоа кучиња, другите се остро против ваквиот начин на справување со кучињата.