Како немиот Македонец за прв пат прозборел пред иконата на Богородица на Света гора (Видео)

„Мајко Богородице, дај ми здравје“ – биле првите зборови на 18 годишно немо момче од Струмица пред иконата на Богородица во еден од манастирите на Света гора. Според порталот Вима ортодоксијас, кој се повикува на сведоштво на монахот кој бил присутен во манастирот, младиот Македонец пред 10ина дена заедно со своето семејство заминал за Света гора, да се поклони пред иконата на Богородица која кусо подоцна направила чудо. 18 годишното момче, проговорило за прв пат во животот.

„Откако детето стигна во манастирот и се најде пред иконата на Богородица, без никогаш во живото да има прозборено, освен само неартикулирани крици, извика на неговиот јазик: „Мајко Богородице, дај ми здравје.“ – пишува порталот специјализиран за црковни вести, за чудото, кое како што коментира новинарот, ги потресе двете соседни земји.

Огромно било изненадување за присутните кои го знаеле проблемот на момчето, кое по завршувањето на молитвата, им се заблагодарил на сите велејќи дека веќе се чувствува многу добро.

Дека навистина станува збор за вистинска случка и вистинско чудо,потврдуваат за Канал 5, свештените лица од еден од струмичките црквни храмови.

Во Грција постои верување дека иконата на Богородица Горгоепикос или во превод Богородица која брзо ги слуша молитвите на верниците, а која што се наоѓа во манастирот Дохиариу на Света Гора, прави чуда и ги решава проблемите на верниците кои ќе и се помолат. Додека пак случката со 18 годишниот Струмичанец е едно од многуте чуда во овој манастир.

Нем Македонец за прв пат проговорил пред иконата на Богородица на Света гора