Ова се симптомите на „КРАКЕН“, најзаразниот сој на коронавирусот

Светската здравствена организација неодамна изрази загриженост поради брзо распространетиот „Кракен“, подваријанта на oмикронскиот сој на корона вирусот (XBB.1.5.) кој ја зафати Америка, а во кој веќе се регистрирани повеќе од 70 проценти од случаите на инфекција.

СЗО верува дека ова е најзаразната подваријанта на Ковид-19 досега откриена. Сепак, првичните информации укажуваат дека предизвикува блага клиничка слика, како и омикрон.

А, еве ги сите симптоми на сојот „Кракен“ на корона вирусот:

кивавица
малаксаност
главоболка
зголемен секрет во носот
болка во коските
замор

Раните симптоми се речиси идентични со омикрон. Значи, состојбата во првите денови е слична како кога ќе фатиме грип или кога ќе настинеме. Но, доколку ситуацијата почне да се усложнува, на заразените ќе им биде потребна и хоспитализација.

Според СЗО, „Кракен“ е регистриран во Франција, Германија, Холандија, Шпанија, Ирска, Австралија, Сингапур, Индија…

Државниот секретар на Министерството за здравство на Србија, Мирсад Ѓерлек, рече дека се сомнева дека во земјата се појавил новиот вид на корона вирус поради зголемениот број на заразени. Сепак, се уште се чека потврда за неговото откривање.