Connect with us

Македонија

Приведена 55-годишна скопјанка, лажно пријавила дека се поставени бомби во скопски училишта

Published

on

Денеска полициски службеници ја привеле А.К.(55) од Скопје, поради основано сомнение дека на 11.01.2023 од мобилен телефон се јавила телефонски во Управата за финансиско разузнавање во Скопје и лажно пријавила дека се поставени експлозивни направи во училишта во Скопје.

Веднаш по добиената пријава преземени се соодветни мерки и активности и утврдено е дека пријавата е лажна, а А.К. (лице со здравствени проблеми) е пронајдена и приведена.

Известен е Јавен обвинител и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Македонија

Земјотрес почувствуван во Македонија

Published

on

Земјотрес со јачина од 2,1 степени според Рихтер утрово е регистриран во Македонија.

Според првите информации од ЕМСЦ, епицентарот е на 21 километар од Кичево.

Continue Reading

Македонија

Илиевски: Нека е честит Денот на албанската азбука!

Published

on

Градоначалникот на Брвеница, Јовица Илиевски, упати честитка по повод Денот на албанската азбука, истакнувајќи ја важноста на јазикот и културното наследство. Тој порача дека различностите се богатство што треба да го негуваме и дека општина Брвеница ќе продолжи да гради заедништво и меѓусебна почит меѓу заедниците.

Continue Reading

Македонија

Меџити: Албанската азбука е составен дел од идентитетот на секој албанец

Published

on

На свечената академија, кој што се одржа во Владата на Република Македонија, по повод Денот на албанската азбука, свое обраќање имаше и првиот вицепремиер Изет Меџити.

– Конгресот во Битола беше повикот од бришењето и асимилацијата на албанскиот јазик од меморијата на албанците. Оваа мобилизација на албанската интелигенција и политичкото раководство во Битола во 1908 година, токму во времето на востаничките движења на балканските народи, означи нов моментум за албанците на почетокот на 20 век. 

Меџите додаде дека како прв вицепремиер му е чест да биде домаќин на официјалните манифестации кои ќе се одржуваат во текот на денот по повод Денот на албанската азбука.

После свечената академија во Владата, како што кажа Меџите ќе се продолжи со Научен симпозиум во Институтот за албанско наследство, доделување на наградата 22 Ноември во Собранието, како и културно уметнички манифестации во Битола.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк