Стотици Бугари денеска во Скопје на панихида за Мара Бунева (Видео)

Бугари денеска се собраа на панихида за Мара Бунева во црквата Свети Димитрија во Скопје што ја организира Фондацијата „Македонија“.

Претседателот на Фондацијата, Витор Стојанов на социјалните мрежи објави дека стотина Бугарија ја поминале државната граница и се упатиле кон Скопје за да ѝ дадат почит на Бунева.Во друга објава, Стојанов тврди и дека во Скопје пристигнале и Бугари од Албанија.

Нив ги предводи бугарскиот европратеник и копретседател на ВМРО-БНД, Ангел Џамбаски, кој вчера повика на лествување во Скопје со слоганите „Да живее Бугарија! Македонија е бугарска!“

Веќе неколку години здруженија на Бугари на кејот на Вардар во центарот на Скопје се собираат пред спомен-плочата на македонската револуционерка Мара Бунева. Среде Скопје Бугарите го развејуваат и знамето на цар Борис, чие име е поврзано со прогонот и уништувањето на Евреите од окупираните територии од страна на фашистичка Бугарија за време на Втората светска војна.