Connect with us

Балкан

Два нови земјотреса во Албанија!

Во Албанија регистрирани се два нови земјотреса, чиј епицентар бил во Бурељ, а биле почувствувани во повеќе градови во Албанија.

Според прелиминарните податоци, првиот земјотрес со јачина од 3,2 степени според Рихтеровата скала е регистриран во 10.05 часот на длабочина од два километра, пренесува „Коха“. Епицентарот бил на 11 километри од Бурељ.

Три минути подоцна, земјотрес со јачина од 2,6 степена е регистриран во Бурељ, на истата длабочина, а епицентарот бил на истото место.

Албанија синоќа беше погодена од земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала.

Балкан

олитички рокади во Бугарија: ПП-ДБ во силен подем, ГЕРБ-СДС ја чува лидерската позиција

Најновото истражување на јавното мислење во Бугарија открива динамична политичка сцена во која доминацијата на водечките коалиции е под притисок, додека либералните и националистичките струи бележат значајни поместувања.

Коалицијата ГЕРБ-СДС (EPP) го задржува приматот како најсилна политичка сила со 24,7% поддршка. Иако бележи мал пад во споредба со изборниот резултат од 2024 година (25,5%), партијата на Бојко Борисов останува столбот околу кој би се преговарало за секоја идна влада.

Највпечатливиот податок од оваа анкета е скокот на коалицијата ПП-ДБ (RE|EPP). Од претходните 13,7%, тие сега достигнуваат 20,5%. Овој раст сугерира дека проевропскиот и реформистичкиот блок успеал да ги консолидира своите гласачи и да привлече дел од неопределените, позиционирајќи се како јасен и моќен опонент или неопходен партнер.

Националистичката партија „Преродба“ (V – ESN) бележи стабилен раст (од 12,9% на 13,4%), зацврстувајќи го своето трето место. И покрај внатрешните превирања во движењето, ДПС-Нов почеток (DPS-NN) држат стабилни 10,8%. Забележително е огромното опаѓање на АПС (RE), кои од 7,2% паднале на критични 1,8%, што ја доведува во прашање нивната релевантност во идниот парламентарен состав.

Левиот блок предводен од БСП (BSPOL) се соочува со потешкотии, бележејќи пад од 7,3% на 5,7%. Сличен тренд на слабеење се забележува и кај ИТН (ECR), кои паѓаат на 4,4%, наоѓајќи се на самиот раб на изборниот праг.

Иако следната редовна изборна средба е закажана дури за октомври 2028 година, овие бројки укажуваат на тоа дека моменталната владина конфигурација се соочува со низок рејтинг кај дел од коалиционите партнери (ИТН и БСП).

Со 13,3% неопределени гласачи, политичката иднина останува неизвесна. Доколку овие трендови продолжат, јазот помеѓу двете водечки сили (ГЕРБ-СДС и ПП-ДБ) се стеснува, што може да донесе нова парализа или потреба од широки и тешки компромиси.

Continue Reading

Балкан

Заглавен европскиот пат: БиХ останува без одлука за старт на преговори со ЕУ

Советот на министри на Босна и Херцеговина денес не успеа да донесе одлуки што би овозможиле отворање на преговорите за членство со Европската Унија пред седницата на Европскиот совет закажана за 18 и 19 декември. Причина за тоа беше повторното одбивање на министрите именувани од Милорад Додик да се дискутира за два клучни реформски закона.

На дневниот ред, објавен минатата недела од претседателката на Советот на министри Борјана Кришто, беа предлог-законите за Судот на БиХ и за Високиот судски и обвинителски совет, како и одлуката за формирање канцеларија на главниот преговарач со ЕУ. Сепак, по ултиматумот од министрите за надворешна трговија и за финансии, овие точки воопшто не беа разгледувани.

Тие се заканија дека ќе го блокираат дневниот ред доколку се отвори расправа за реформските закони, што практично би значело и неодржување на седницата. Поради тоа, Кришто ги повлече спорните точки, а Советот разгледуваше само помалку значајни информации и технички прашања.

Властите на Република Српска не ги прифаќаат нацрт-законите подготвени од Министерството за правда, иако тие се изработени согласно препораките на Европската комисија. Дополнително, инсистираат главниот преговарач со ЕУ да доаѓа од СНСД, барање што партиите од бошњачко-граѓанскиот блок категорично го одбиваат.

Засега нема најава кога клучните реформски закони ќе се најдат повторно на дневен ред на Советот на министри или во државниот парламент. Сè поизвесно е дека Босна и Херцеговина ќе ја дочека 2026 година без јасна перспектива за започнување преговори со Европската Унија.

Иако земјата доби условно зелено светло за отворање преговори уште во март 2024 година, оттогаш нема конкретен напредок. Заедно со Косово, БиХ во моментов се наоѓа на дното од процесот на европска интеграција меѓу земјите од Западен Балкан.

Continue Reading

Балкан

Грчките земјоделци повторно блокираа премин: Богородица ограничен за патнички возила

Граничниот премин Богородица од 18 часот попладнево е блокиран за сите видови сообраќај поради протест на грчките земјоделци, соопшти Автомото сојузот на Македонија.

Засега, на преминот можат да влегуваат само товарни возила од Грција кон Македонија, додека излез од Грција е дозволен само за товарни моторни возила. Патнички возила и автобуси засега не можат да ја користат граничната линија.

Автомото сојузот апелира на внимателност и следење на сообраќајните информации пред патувањето кон граничниот премин Богородица.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг