Connect with us

Македонија

Груби вели од ВКУПНИОТ БРОЈ ОДОБРЕНИЈА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ, 41,5 ОТСТО СЕ АЛБАНЦИ

Published

on

На партиската трибина на ДУИ во Чегране, синоќа се обрати и првиот вицепремиер Артан Груби, кој потсети на се што направиле како партија во насока на подобар живот на граѓаните.

Под мотото „Заедно за Европа“ денеска започнавме средби со граѓаните на принцип на отчетност на ДУИ за да ја презентираме работата што ја направивме, она што  започнавме со намера да бидеме продолжение на мисијата успешно од 2002 година. .

Со нашите колеги си поставивме цел, почнавме со работа за да ги унапредиме процесите и да ги исполниме работните места кои не се придвижиле напред со децении. Од септември 2020 година броиме нови успеси, како што е отворањето на преговорите со Европската Унија, од вкупниот број одобренија за вработување 41,5 отсто се Албанци, го започнавме претседателството на ОСБЕ, го изградивме основното училиште во Блаце и Визбегово, азбуката ја ставивме во употреба унифицирана, ги решаваме сите пречки за да започне изградбата на Коридорот 8. Рекоа, успешно управуваме со енергијата криза без никаков ден рестрикција на струја, ги покачуваме платите и ниту една донесена одлука не дозволивме да биде дискриминаторска.

Заедно ќе продолжиме кон успесите, пишува Груби бо неговата објава на Фејсбук.

Македонија

Изминатото деноноќие 2 153 повици – три пожари на отворено

Published

on

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека последното деноноќие имало три пожари на отворен простор во Тетовско и Скопско, и сите биле изгаснати.

Изминатите 24 часа имало вкупно 2 153 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112, од коишто „реални“ повици биле 62,98 отсто, а 37,02 отсто биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Од реалните повици, кон Полиција биле упатени 60,31 отсто, кон Итната медицинска помош 31,83 отсто, а кон пожарникарите 3,73 отсто.

РЦУК Битола информира дека во атарот на село Брод, Битола, е пронајдена една стара опасна артилериска граната со калибар 75 mm од Првата светска војна. Гранатата била безбедно подигната од стручно лице од ДЗС Битола, вчера во 10:30 часот за понатамошна постапка за безбедно складирање и уништување.

ЦУК исоопшти дека од денеска ќе има привремена промена во сообраќајот на делот од државниот пат „А2“ – делница Желино – Тетово, помеѓу бензинската станица на „Макпетрол“ и северниот влез на Тетово. На овој дел од патот ќе се врши геодетско снимање, заради што една сообраќајна лента ќе биде затворена во неколку фази. Работите ќе траат до нивно завршување.

Continue Reading

Македонија

Метео предупредување: Подгответе се за невреме, еве какво време ја очекува Македонија денес

Published

on

Под влијание на распространета плитка фронтална долина над југоисточна Европа и во нашата Република Македонија, и понатами кај нас ќе имаме честа појава на повремени врнежи од дожд, проследени со појава на грмежи.

На повеќе места ќе има поројни врнежи, проследени со електрични празнења и со засилен ветер. Ваквата временска состојба ќе се задржи се до самиот крај од оваа седмица, а гледано одсега и за првомајските празници ќе имаме врнежи и грмежи.

Во ваква ситуација локално Атмосферските процеси ќе бидат интензивни и во форма на невреме, проследено со обилен пороен дожд за кратко време кој може да услови локални поројни поплавувања, силен ветер, силни електрични пранзења и со појава на град.

И во Скопскиот регион ќе има повремени врнежи од дожд кои во делови од котлината ќе бидат поројни и проследени со појава на грмежи и со засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови и за појава на невреме.

Токму поради ваквата временска состојба, апелирам на крајна внимателност кај граѓаните.

Што се однесува до температурите, тие остануваат без промени се до викендот, кога ќе бележат тендеција на постепено опаѓање.

Метео Аларм

Continue Reading

Македонија

Финансиската полиција повторно во акција

Published

on

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против А.А поради основи на сомнение за сторено кривично дело Даночно затајување по член 279 став 2 од КЗ.

Пријавениот А.А во својство на управител и сопственик на “Друштво за производство, трговија и услуги АРМАН КОМПАНИ ДООЕЛ Скопје”, во периодот од 01.01.2020 година до 25.12.2024 година, свесно и со однапред утврдена намера со цел да се стекне со противправна имотна корист за себе и за правниот субјект, набавената трговска стока (јаткасти производи), евидентирана на залиха во вредност од 53.257.786 денари, неосновано ја присвоил и не ја евидентирал во сметководствената евиденција  како кусок, при што пријавениот не пресметал, не пријавил и не уплатил Данок на Додадена вредност по даночна стапка од 5 % во износ од 2.662.889 денари и Данок на Добивка по даночна стапка од 10 % во износ од 5.325.778 денари, а за застарените обврски кон добавувачи постари од три години во износ од 40.903.524 денари (краткорочни), а кои потекнуваат од 2020 година и не се прикажани како Приходи во Билансот на успех и Даночниот Биланс на правниот субјект за 2023 година, пријавениот  не пресметал, не пријавил и не уплатил Данок на добивка по даночна стапка од 10 % во износ од 4.090.352  денари. Со намера да ги прикрие инкриминираните активности пријавениот не изготвил и не поднел Завршни сметки за 2021 година, 2022 година и 2023 година, до Управата за јавни приходи и до Централниот регистар на Република Северна Македонија со што не пресметал, не пријавил и не уплатил даноци по разни основи во вкупен износ од 12.079.019денари, за кој износ го оштетил Буџетот на Република Северна Македонија. 

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк