Фондацијата на Гејтс: НЕМА ДА ПРЕСТАНЕМЕ ДА ГО КОРИСТИМЕ ВЛИЈАНИЕТО И ПАРИТЕ

Фондацијата Гејтс беше критикувана дека е премногу моќна и влијателна во глобалното здравје, вклучително и Светската здравствена организација, без да преземе соодветна одговорност.

Во годишното писмо објавено во вторникот, извршниот директор Марк Сузман одговори на тие критики, истовремено најавувајќи дека фондацијата ќе потроши 8,3 милијарди долари оваа година, што е најмногу досега.

„Не е правилно приватната филантропска организација да е еден од најголемите финансиери на глобалните здравствени напори“, рече Сузман, додавајќи дека државите треба да бидат лидери.

„Но, да нема забуни – каде што има решенија за зачувување и подобрување на животот на луѓето, ние ќе бидеме таму. Нема да престанеме да го користиме нашето влијание и нашите пари за да најдеме решенија“.

Сузман рече дека целта на фондацијата не е да им каже на СЗО и на другите здравствени организации што да прават, туку да им понуди различни опции и податоци за да можат да донесат клучни одлуки.

Гејтс, технолошкиот милијардер кој ја основаше фондацијата, ја бранеше фондацијата од обвинувањата дека големите пари и даваат несоодветно влијание врз светскиот развој.

Со инвестиции насочени кон искоренување на болести како маларија и полио, фондацијата е вториот најголем донатор на СЗО. Ова е едно од прашањата што критичарите редовно го истакнуваат, особено за време на пандемијата на Ковид-19.

„Би сакал да видам уште многу влади да не надминат на таа листа, бидејќи тоа би значело повеќе спасени животи“, напиша Сузман.

СЗО минатата година се согласи дека земјите-членки треба да ги зголемат своите плаќања за да ја намалат улогата на приватните донатори и да и овозможат на организацијата да ги троши парите пофлексибилно.