Connect with us

Македонија

Љубчо се јави да го кара Џамбаски: Оди во Солун и кажи дека „Македонија е бугарска“

Проблемите меѓу Бугарија и Македонија нема да се решат со агресија, туку само со емотивно зближување на дневна основа. Ова го изјавил поранешниот македонски премиер Љубчо Георгиевски за бугарскиот весник „Дневник“, по провокативните изјави од бугарските политичари Ангел Џамбаски и Костадин Костадинов, за време на минатонеделното чествување во Скопје на 95-годишнината од смртта на Мара Бунева.

Луѓето кои се занимаваат со активна политика, разбираат дека Џамбаски не ја претставува бугарската држава. Но, оние кои сакаат тензијата да продолжува, тоа го претставуваат така. Тие се повикуваат на фактот дека тој сѐ уште е европратеник. Ова е одлична храна за сите кои сакаат омразата меѓу Македонија и Бугарија да продолжува и никогаш да не престане (…) Многу македонски Бугари се срамат да дојдат покај Џамбаски. Жално е што обичниот граѓанин не разбира дека тој е поединец кој прави пиар. Некој треба да му објасни: тој со својата политика никого не штити, само ги изложува на опасност луѓето кои сакаат пријателство со Бугарија“, вели Георгиевски, и пренесува порака од многу пријатели во Македонија – Џамбаски да престане со таа бабаитска политика.

„Кога Џамбаски вели ‘Македонија е бугарска’, заборава дека во принцип Македонија е грчка. Оваа дискусија ја водеа Македонија и Грција 30 години. Бугарија ја немаше никаде во таа дискусија. Таа доброволно се откажа да учествува, да оди во Солун или во Кавала да објасни дека Македонија е бугарска”, изјавил Георгиевски.

Македонија

Божиновска присуствуваше на шведската прослава на светлината

Вечерва Сања Божиновска присуствуваше на традиционалниот концерт во чест на Санта Луција, кој го организираше Шведската амбасада. Празникот е симбол на светлина, топлина и надеж во најтемните нордиски ноќи.

„Секогаш е убаво кога една традиција носи порака која допира подалеку од границите – дека светлината ја создаваме самите, и дека најмногу ни е потребна токму во студените, тивки моменти од годината“, изјави Божиновска.

Таа изрази благодарност до амбасадата за прекрасната атмосфера и можноста да ја почувствува оваа уникатна шведска традиција, која најавува доаѓањето на Божиќ со радост, музика и светлина.

Continue Reading

Македонија

Сообраќајот на Евзони повторно во прекин од 17 часот

АМСМ информира дека од 17 часот повторно е блокиран сообраќајот на Граничниот премин Евзони (ГП Богородица).

Според последните информации, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози и со умерен интензитет надвор од градските средини. На македонските гранични премини нема подолги задржувања за влез или излез од државата.

АМСМ апелира до возачите да возат со прилагодена брзина, да ја почитуваат поставената сигнализација и да бидат особено внимателни на патиштата низ котлинските и клисурните делови, каде што постои ризик од одрони. Најкритични се делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Continue Reading

Македонија

Студентите имаат уште десет дена за апликација за ваучери

Министерството за дигитална трансформација потсетува дека студентите имаат рок до 20 декември 2025 година да аплицираат за ваучери за електронски уреди.

Досега се доделени 42.606 ваучери, од кои 27.426 веќе се искористени. Во рамките на владината програма, предвидени се вкупно 55.000 ваучери за студенти на додипломски студии запишани во учебната 2025/26 година.

Ваучерите можат да се искористат најдоцна до 31 декември 2025 година.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг