Провокации во најава: Бугари со автобуси ќе се носат во Македонија да го слават Гоце Делчев на 4-ти февруари

Виктор Стојанов, претседател на фондацијата „Македонија“, на својот Фејсбук профил најави дека на 4 февруари ќе биде организиран превоз на Бугари кои ќе сакаат да се поклонат на гробот на Гоце Делчев.

Тој ги повикува сите Бугари да ја прославата 151 годишнината од раѓањето на Делчев за кого Стојанов пишува дека е Бугарин.

„Фондацијата Македонија ги поканува сите Бугари, бугарските политички партии и невладини организации заедно да прославиме 151 година од раѓањето на бугарскиот национален револуционер Георги Делчев во Скопје! На 4 февруари (сабота) во 12 часот по локално време (13 часот бугарско)! Обезбедивме превоз со автомобил за оние кои сакаат да дојдат! Повелете масовно во Скопје да го прославиме сите заедно нашиот народен херој Георги Делчев !!!“, стои во објавата.