Охриѓани масовно и на спектакуларен начин го одбележаа верскиот празник Богојавление-Водици. Силниот ветер и брановите не ги спречија илјадниците верници од Охрид, земјава и во мал број од странство да присуствуваат на положувањето на светиот крст во водите на Охридското Езеро, по кој запливаа околу триста млади лица. Најсреќен беше 19-годишниот, Васко Довлев, кој за прв пат го фати крстот…
Силниот ветер кој дуваше со брзина од 15 метри во секунда, односно преку 60 километри на час не ги спречи охриѓани повторно на уникатен начин да го одбележат големиот верски празник Богојавление-Водици. Уште од раните утрински часови црковните храмови се исполнија со верници кои по богослужбите во литии се упатија на Градското пристаниште за да присуствуваат на Богојавленскиот водосвет. По црковниот церемонијал со кој раководеше надлежниот архијереј, митрополитот Тимотеј, светиот крст беше положен во разбрануваното езеро, а по него запливаа околу 300 младинци и младинки. Највешт и најсреќен беше 19-годишниот Васко Довлев од Варош кој за прв пат го фати крстот.
„Чувството е многу убаво, некако чувствував дека едноставно во раце ми дојде, чувствував дека е за мене. Не ми дојде во раце, падна до мене и само ја пуштив раката. Јас едноставно чувствував, со верба во бога, одев и во црква и постев, и кога ќе има верба сè ќе биде. Најбитно здравје, среќа, љубов на сите“, вели Довлев.
„На фаќачот на крстот му посакувам да има успешна година, како и секој оној што успеал да го фати и се надевам дека уште многу, многу години ќе успееме да во ваква форма да го празнуваме овој празник којшто за Охрид и охриѓани е дефинитивно најголем“, рече Кирил Пецаков- градоначалник на Охрид.
И покрај лошите временски услови на Градското пристаниште присуствуваа повеќе илјади верници од Охрид и земјава меѓу кои беа и претставници на власта и опозицијата, како и помал број странски туристи.
„Русинка сум ама мажена сум тука. Прекрасно, многу убаво, кај нас нема таква традиција. Овде е супер, секојпат е интересно, секоја година“.
„Во Охрид и еднаш во Грција. Овде е најдобро во Охрид, има многу атмосфера, многу веруваат. Бог се јави, среќен празник“, вели гостин од Италија.
Иако температурата на водата беше 9 степени, а на воздухот околу 10-от степен, силниот ветер и брановите придонесоа спасителите на Црвениот крст, нуркачите и медицинските екипи да имаат поголем број интервенции.
„Преку 20 интервенции имавме, што во вода, што на копно. Еве веќе ги згрижуваме сите коишто се со исеченици и некои мали повреди. Значи голем предизвик, драго ми е што немаше ништо, некој поголем инцидент“, вели Сашо Точков, претседател на Црвен крст- Охрид.
По црковниот дел од манифестацијата присутните ги исполнија рестораните и кафетериите долж брегот каде што уживаа во греаната ракија и виното зачинети со убава охридска староградска музика. Богојавленските празнувања продолжуваат утре на празникот Свети Јован Крстител, кој во Охрид се слави и како Ден на рибарите.
На 12-ти април 2012 година, на Велики четврток беа убиени четири момчиња на возраст од 18 до 21 година од населбата Радишани, Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацковски и Кире Трпковски, како и Борче Стевковски, 45-годишен рибар од селото Црешево.
Убиствата се случиле меѓу 19:30 и 22:30 часот кога биле најдени телата на убиените.
Обдукцијата врз убиените покажало дека во нив е пукано од три типа огнено оружје, зашто се најдени чаури од три различни типа муниција. На 10 километри од убиството, беше пронајдено возило „Опел Омега“, за кое беше потврдено дека било на местото на настанот за време на убиството.
За овој случај беше отворен предмет под името „Монструм“, за кој на доживотна казна затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ. Хаки Азири за помагање беше осуден на 9 години затвор, Фејзи Азири за истото дело на 15 години затвор. Судот го отфрли обвинението на Сами Љута.
На 23-ти февруари 2013 година во близина на езерскиот брег, на местото викано Кршиколе или Крст, веднаш до заобиколницата бил осветен камен темелник на црквата Црква „Св. 40 Маченици“, која е посветена на убиените момчиња.
Пред доаѓањето на власт на бившиот премиер Зоран Заев, на родителите на загинатите им ветуваше дека има информации во неговите тн. „аудио бомби“, но подоцна испадна дека само била злоупотребена болката на блиските на загинатите, исто како што во тн. шарена револуција беше злоупотребена смртта на други лица за поттикнување револт кај народот.
Остана неразјаснет мотивот и заднината за ова злосторство врз невини лица, што се случи на неколку денови пред големиот христијански празник Велигден.
Коалиција останува обединета, но деталите за поделбата на општините на локалните избори остануваат тема за која треба дополнително да се разговара, изјави Беким Ќоку од ВРЕДИ кој рече дека коалицијата останува цврста и покрај тоа што има различни мислења во партиите во коалицијата.
Работни групи во наредните денови ќе се состанат за да се најде решеније за да се излезе на локални избори како ВРЕДИ:
„Останува да се разговара за тоа како ќе се поделат општините.
Не сме имале никакви несогласувања со Таравари, сме имале некои различни мислења, некои мислења што може да се појават и во поединечни партии и не само во коалиции, но можам да кажам дека сме компактни, единствени сме и остануваме стоички“, рече Ќоку по завршувањето на синиќешната средба на партиите во коалицијата..
Според извори на Алсат на состанокот на коалицијата ВЛЕН вечерва немаше ништо конкретно за останувањето или не на Таравари во оваа коалиција.
Синоќешната средба беше свикана како резултат на внатрешни политички превирања во коалицијата, откако министерот Арбен Таравари, кој е дел од ЦРЕДИ, изрази одредено незадоволство од функционирањето на оваа коалиција.
Ве информирам дека ќе отпочнам правна постапка пред надлежните институции против правни и физички лица, меѓу кои се и одредени политички партии, нивни функционери, невладини организации, самонаречени новинари и поединци поврзани со претходната власт на дуи и сдсм. Овие субјекти се инволвирани во креирање и ширење на лажни информации и материјали, лажни профили на социјални мрежи со украден личен идентитет, лични навреди, дисквалификации, говор на омраза, омаловажување и клевети.
Нивното делување има за цел создавање на атмосфера на јавен линч и поттикнување закани, со што директно се загрозени мојот личен и физички интегритет, но за жал и на моето семејство. Дел од тие креирани лажни профили и материјали, закани за физичка ликвидација и сл. веќе се пријавени во Министерството за внатрешни работи и надлежните институции преземаат мерки согласно законските надлежности.
Потенцирам дека во претходните неколку денови беа креирани серија на лажни профили со мој идентитет, на сите можни социјални мрежи, за што јас навремено, јавно информирав. Нивната намена беше да фабрикуваат, а во текот на последните два дена масовно да споделуваат фалсификувани и креирани, не од мене ставови, статуси и коментари на социјалните мрежи.
Јавноста ќе биде навремено информирана за понатамошните чекори и развојот на постапката.