Ким Кардашијан ИСКЕШИРА НЕВЕРОЈАТЕН ИЗНОС за крстот на Лејди Ди

Американската ѕвезда на реалити ТВ и социјалните мрежи Ким Кардашијан го купи крстот Аталах, познатиот привезок што го носеше принцезата Дијана, на аукција во средата, објави аукциската куќа Сотби..

Принцезата Дијана во неколку наврати го носеше луксузниот привезок направен во 1920 година од познатиот британски златар Гарард.

Крстот со аметисти е продаден за 163.800 фунти (околу 187.000 евра) на аукција одржана во средата во Лондон.

Така, приврзокот што го носеше принцезата на хуманитарна гала вечера во Лондон во 1987 година, се продаде за двојно повисока цена од очекуваната. Покрај аметист, крстот е украсен и со дијаманти со вкупна вредност од 5,25 карати.

– Накитот кој што го поседуваше принцезата Дијана ретко се наоѓа на пазарот, особено кога станува збор за накит како што е крстот Аталах, кој е шарен, храбар и посебен – изјави Кристијан Спофорт од аукциската куќа Сотби пред продажбата.