„Остај ти паричката, да ти се паднам јас, па да видиш што е среќа“

Новогодишно-божиќната еуфотија полека се стишува, празниците поминиаа, а со тоа и главната „берба“ за естрадата и естрадните уметници кои во тие денови  имаат вистинска „жетва“ на девизи и денари, што од регуларната заработка, што од бакшиш, кој во тие денови е особено обилен!

И веројатно никој од пејачите и особено пејачките не се жали од заработката, напротив, ама сепак понекоја од нив изгледа остана незадоволна… Како на пример битолската фолкерка на привремен престој во макдонската престолнина, сексапилната Марија Луиса Тодоровска. Но, да не се разбереме погрешно, русокосата убавица не е дека остана незадоволна од празничната заработка, туку од нешто сосема друго.

Имено, пејачката уште пред Стара Нова Година сподели разголена фотографија, само по секси долна облека. Заводлив поглед, длабоко деколте и разголено газе во танга гаќички како одраз во огледалото и порака во една реченица во која разголената фолкерка се самопрепорача, ама со еден услов: „Само за слободни момчиња“!

Арно ама, по се’ изгледа на Марија никој не и возвратил со сериозна понуда,  поточно, наместо тоа, цицлестата убавица доби поинаква класификација – дека е „милфица“… Ако е за утеха – добра!

Vistina.com.mk