Каде отиде светот ? – По Германија и Кина го пушта во употреба ПРВИОТ ПАТНИЧКИ ВОЗ НА ВОДОРОД

Најголемата светска компанија за производство на возови, кинески CRRC, лансираше нов патнички воз со нулта емисија на гасови, кој работи на водородни ќелии со суперкондензаторски меѓурезервоар.

Возот со четири вагони може да вози со брзина до 160 км/ч, што го прави најбрзиот воз на водороден погон во светот.Возот е развиен во соработка на државните компании CRRC и Chengdu Rail Transit и воедно е првиот водороден патнички воз во светот и има досег од 600 км. Притоа, не испушта никаков отпаден гас, туку вода.

Исто така, има опција за автономно возење, доаѓа со 5G комуникација и функционалност на автоматско враќање во гаража. Симболично е тоа што земјата која контролира најголем дел од синџирот за снабдување со литиумски батерии тивко се префрла на водород. Со оглед на недостигот на ресурси на литиум, можен е скок на цената, а Кина се труди што побрзо да го воведе водородот како алтернатива за литиум-јонските батерии.

Во Германија во 2018 година во промет беше пуштен првиот воз во светот кој за гориво користи водород. Ова е поскапа, но еколошки далеку поприфатлива технологија отколку дизел-возовите кои го загадуваат воздухот.

Синиот воз го направи француската компанија Alstom, а прв пат возеше по 100 км долга траса меѓу градовите Куксхавен, Бремехавен, Бремерверде и Букстехуде во северна Германија. 

Alstom ги произведува француските возови  TGV и од компанијата велат дека планираат да испорачаат уште 14 возови до 2021 година во Долна Саксонија, но и во други делови од Германија каде што ќе има интерес.  Возовите на водород се опремени со ќелии кои со комбинација на водород и кислород произведуваат струја со водена пареа како единствен нуспроизвод. Вишокот енергија го складираат во литиум-јонски батерии.