Connect with us

Македонија

Лица од Бугарија кои имаат и оружје се подготвувале да прават инциденти во Македонија?

Постојат информации дека група лица од Бугарија кои поседуваат оружје се подготвувале да влезат во Македонија за да предизвикаат инциденти. Ова го изјави заменик министерот за локална самоуправа, Зоран Димитровски во вечерашното издание на емисијата „Заспиј ако можеш“ на Алфа ТВ.

Како што појасни, не се работи за организирани групи, туку за поединци со слична цел, а имено дополнително да ги подгреат и онака вжешетените односи меѓу двете земји, а во служба на сосема трети интереси, но биле превенирани со навремена реакција на македонските безбедносни служби.

Заменик министерот Димитровски појаснува дека тоа е една од причините за тврдата реакција на претседателот Стево Пендаровски по вчерашното заседавање на Советот за безбедност. Генерално, додава Димитровски, од државниот врв бил заземен став дека ќе мора да се реагира „бидејќи за оние кои доаѓаат за да провоцираат нема место во Македонија“.

-Постои сомневање дека позади нив стојат руски разузнавачки служби – објасни Димитровски.

Идејата во позадина на овие провокации била со предизвикување на инциденти и можни насилства да се зголемува нетрпеливоста и да се создава чувство на немир и недоверба меѓу двата народи. Ако на тоа се додадат јавните истапи на високи бугарски функционери по настанот во Охрид тогаш јасно е дека тие провокации не се нималку наивни.

Македонија

Божиновска присуствуваше на шведската прослава на светлината

Вечерва Сања Божиновска присуствуваше на традиционалниот концерт во чест на Санта Луција, кој го организираше Шведската амбасада. Празникот е симбол на светлина, топлина и надеж во најтемните нордиски ноќи.

„Секогаш е убаво кога една традиција носи порака која допира подалеку од границите – дека светлината ја создаваме самите, и дека најмногу ни е потребна токму во студените, тивки моменти од годината“, изјави Божиновска.

Таа изрази благодарност до амбасадата за прекрасната атмосфера и можноста да ја почувствува оваа уникатна шведска традиција, која најавува доаѓањето на Божиќ со радост, музика и светлина.

Continue Reading

Македонија

Сообраќајот на Евзони повторно во прекин од 17 часот

АМСМ информира дека од 17 часот повторно е блокиран сообраќајот на Граничниот премин Евзони (ГП Богородица).

Според последните информации, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози и со умерен интензитет надвор од градските средини. На македонските гранични премини нема подолги задржувања за влез или излез од државата.

АМСМ апелира до возачите да возат со прилагодена брзина, да ја почитуваат поставената сигнализација и да бидат особено внимателни на патиштата низ котлинските и клисурните делови, каде што постои ризик од одрони. Најкритични се делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Continue Reading

Македонија

Студентите имаат уште десет дена за апликација за ваучери

Министерството за дигитална трансформација потсетува дека студентите имаат рок до 20 декември 2025 година да аплицираат за ваучери за електронски уреди.

Досега се доделени 42.606 ваучери, од кои 27.426 веќе се искористени. Во рамките на владината програма, предвидени се вкупно 55.000 ваучери за студенти на додипломски студии запишани во учебната 2025/26 година.

Ваучерите можат да се искористат најдоцна до 31 декември 2025 година.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг