Ова е најголемиот сон кој никогаш не му се оствари – што прави секоја година сестрата на Тоше за неговиот роденден (ФОТО)

Крушево го одбележи 42. роденден на Тоше Проески, на својот сограѓанин, на македонската и балканска музичка ѕвезда, на човекот со огромно срце за помош на секого.

Во чест и спомен на Тоше, оганизирани се повеќе манифестации. Пред сѐ, посета и почит пред неговото вечно почивалиште на Гумење.

По деветнаесети пат ќе биде организирана и голема крводарителска акција која е посветена на нашиот голем хуманист.

Традиционалната акција е во знак на одбележување на неговиот роденден.

Тоше замина без да му се исполнат неговите најголеми желби според многумина тоа се, да стане светска ѕвезда и да оствари семејство.

Тој загина во сообраќајна несреќа на пат кон Хрватска на 16 октомври 2007 година на само 26 годишна возраст.

Инаку сестрата на Тоше, Дора секоја година за роденденот на Тоше прави и негова роденденска торта, па така пред неколку години на неговиот роденден на социјалната мрежа Инстаграм објави слика од торта украсена со детелина со четири листа, која симболизира среќа во негова чест.