„Јас да му се заканам на Радев со атентат нема со очи да ја видам Бугарија“

Јас да се заканам дека ќе направам атентат на Румен Радев не само што никогаш повеќе нема да ја видам Бугарија со очи, туку и експресно( како што треба) ќе биде покренато обвинение во Бугарија за мене и ќе бидам баран со поттерница – реагира адвокатот Јанаки Митровски.

Тој додава дека “во оваа Мики Маус земја се се може, некој како Џамбаски” и прашува зошто македонските власти воопшто се мислеле да му забранат влез.