Четирите гасни комори во Аушвиц им го одземаа животот на околу 20.000 луѓе на ден, најмалку 1,1 милиони луѓе !

Денес се одбележува Меѓународниот ден на комеморацијата во чест на жртвите на холокаустот од Втората светска војна, јавува Anadolu Agency (AA).

Со одлука на Генералното собрание на Организацијата на обединетите нации, која датира од 2005 година, 27 јануари е прогласен за Меѓународен ден на комеморација на жртвите на нацистичкиот геноцид, а претставува и заложба за борба против омразата и антисемитизмот во светот.

Во текот на Втората светска војна, период познат по обидот на нацистите за истребување на Евреите, беа убиени шест милиони луѓе, а логорот Аушвиц во Полска стана главна дестинација на која посетителите преку изложените лични предмети можат да се запознаат со условите во кои беа убиени повеќе од еден милион Евреи во гасните комори.

Б. Фишман/Sputnik

Ослободувањето на логорите на смртта се случи на 27 јануари, 1945 година

Иако многумина не го преживеа логорот „Аушвиц“ за да ја раскажат приказната за страдањето, малиот број преживеани секоја година на 27 јануари одат во кампот на тортурата во чест на оние што загинаа.

„Аушвиц“ се наоѓа на периферијата на полскиот град Освјенќим, кој нацистите го анексираа за време на Втората светска војна.

Во почетокот беше германски концентрационен логор со околу 700 полски затвореници, но наскоро се прошири во голем комплекс со повеќе од 40 кампови и подкампови. Четирите гасни комори во Аушвиц-Биркенау им го одземаа животот на околу 20.000 луѓе на ден.ѕ

Б. Фишман/Sputnik

Командантот на логорот, Рудолф Хес, сведочел на Нирнбершкиот процес дека три милиони луѓе умреле во логорите во времето кога тој бил командант (4 мај 1940 до ноември 1943). Подоцна ја намалил оваа проценка на околу 1,1 милион, во рок од пет години постоење и оваа проценка денес е општо прифатена.

Помеѓу 18 и 27 јануари 1945, поради наближувањето на советските трупи, Ес Ес евакуирал околу 60.000 затвореници од Аушвиц во други концентрациони логори. Црвената армија под команда на маршал Конев го ослободила логорот на 27 јануари 1945 г, и затекнале околу 7.000 затвореници.

Б. Фишман/Sputnik