(ФОТО) Со БАРИКАДИ И ТРАКТОРИ – Граѓаните се организираа, на 4-ти февруари ќе се блокира патот до Скопје

Бугарски граѓани на 4 февруари организирано ќе дојдат во Скопје за да се поклонат пред гробот на Гоце Делчев.

На социјалните мрежи објавен е повик граѓаните на 4 февруари да ја блокираат патарината Куманово – Скопје со цел нивно спречување.

„Повик до сите родољуби! Дојдете со камиони, трактори, автомобили и друга машинерија и поддржете го протестот. Кумановчани – ве повикуваме во 9 часот да ја блокирате патарината кон Скопје. Да не дозволуваме бугарските нео-нацисти да плукаат по споменот на великанот Гоце Делчев“, стои во објавата.

Вчера бугарска фондација на социјалните мрежи објави насоки за Бугарите кои на 4 февруари планираат да дојдат во Скопје.

Од друга страна пак – Нема да дозволиме бугарските фашисти со Џамбаски да пријдат до црквата Свети Спас – велат од здружението Македонци во Србија.

Од Партијата на Македонците во Србија (Странка Македонаца Србије) му порачуваат на бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски дека на 4. февруари ќе дојдат во Македонија да положат цвеќе на гробот на Гоце Делчев, но нема да му дозволат тој да пријде до црквата Свети Спас во Скопје.