ВИДЕО: Славната манекенка падна на ревија, се изнервира од чевлите

Супермоделот Кристен МекМенами падна на пистата за време на ревијата на високата мода на Валентино на овогодинешната модна недела во Париз.

Манекенката, која беше незаменлива на меѓународните модни писти во 80-тите години, се мачеше додека шеташе со дизајнерските потпетици на споменатата модна куќа.

Откако се бореше да направи неколку чекори, МекМенами изгуби рамнотежа и падна на колена. Присутните од публиката веднаш дојдоа да и помогнат.

Меѓутоа, пред да стигнат до неа, МекМенами, видно исфрустрирана од ситуацијата, ги соблече чевлите и боса бесно ја напушти пистата.

Видеата од тој момент станаа вирални и собраа милиони прегледи на различни платформи.