Connect with us

Спорт

(Видео) Ѓоковиќ се расплаче: Бура од емоции по освојувањето на Австралија опен

Новак Ѓоковиќ ја прослави 10-тата титула во Мелбурн со својот тим на трибините на „Род Лејвер Арена“. Мајката Дијана и братот Марко му летнаа во прегратка, додека татко му Срѓан го немаше.

Најдобриот српски тенисер се искачи во својата ложа, каде со тренерскиот тим и членовите на семејството го прослави освојувањето на 22. Грен слем трофеј во кариерата.

Срѓан Ѓоковиќ по четвртфиналниот натпревар на турнирот во Мелбурн, помеѓу Новак Ѓоковиќ и Андреј Рубљев на 25 јануари, беше фотографиран со навивачи кои носеа руски знамиња со ликот на Владимир Путин.

Тој потоа излезе со соопштение во кое изјави дека неговото семејство е за мир и во писмена изјава изјави дека „во Австралија е само за да го поддржи синот, да не биде предмет на наслови на весниците или да биде малтретиран на друг начин“. .about:blank

Срѓан Ѓоковиќ не присуствуваше ниту на полуфиналниот меч со Томи Поло, а истата одлука ја донесе и за денешното финале.

Новак по прославата заплака, а не можеше да се смири ниту кога се врати на теренот.

Спорт

Македонија стана полноправна членка на Медитеранската ракометна конфедерација

Македонската ракометна федерација (РФМ) денеска објави дека нашата земја е примена како полноправна членка на Медитеранската ракометна конфедерација. Досега Македонија имаше статус на придружна членка.

Одлуката беше донесена на седмиот конгрес на Медитеранската конфедерација, кој се одржа во рамките на изборниот конгрес на Меѓународната ракометна федерација во Каиро, Египет.

Следната година македонските ракометарки и ракометари ќе имаат активна улога на меѓународната сцена. Пионерките ќе учествуваат на Медитеранскиот шампионат во февруари во Приштина, додека кадетите ќе настапат во април во Словачка. Сениорите ќе се борат за медалите на Медитеранските игри во август во италијанскиот град Таранто.

Continue Reading

Спорт

Омерагиќ: Посетата на Мамадов отвора нова фаза за македонскиот фудбал

Во „Куќа на фудбалот“ се одржа средба меѓу раководството на Фудбалската федерација на Македонија и Елкан Мамадов, директор за асоцијации и развој во ФИФА и еден од најблиските соработници на претседателот Џани Инфантино.

Претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, истакна дека посетата на Мамадов претставува силна потврда за одличната соработка со ФИФА и континуираната поддршка што федерацијата ја добива во реализацијата на стратешките цели, со посебен акцент на инфраструктурата и зајакнувањето на националните селекции.

Омерагиќ најави дека веќе се договара и посета на претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, во првата половина на 2026 година, што дополнително ќе ја зацврсти соработката и ќе отвори нови можности за развој на македонскиот фудбал.

Тој нагласи дека ФФМ останува целосно посветена на принципите што се од клучно значење за ФИФА – транспарентност, одговорност и долгорочен развој на фудбалот на сите нивоа во Македонија.

Continue Reading

Спорт

ФФМ и Масар Омерагиќ со честитка до Шкендија за европскиот успех

Фудбалската федерација на Македонија и нејзиниот претседател Масар Омерaгиќ упатија честитки до фудбалскиот клуб Шкендија за изборениот пласман во елиминациската фаза од УЕФА Лигата на конференции.


Од ФФМ оценуваат дека остварениот успех е резултат на професионален пристап, изразен тимски дух и јасна амбиција за докажување на меѓународната сцена. Воедно, пласманот на Шкендија се посочува како значаен придонес за промоција на македонскиот клупски фудбал во европските натпреварувања.


„Успехот на Шкендија е потврда за квалитетната работа на клубот и неговото претставување надвор од границите на државата“, се наведува во честитката од Фудбалската федерација.
ФФМ им посака на фудбалерите и на стручниот штаб на Шкендија успешни и квалитетни настапи во продолжението од европската кампања, со надеж дека клубот ќе продолжи достојно да ја претставува Македонија на меѓународната фудбалска сцена.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг