Connect with us

Македонија

АСАНИ ОСУДЕН УСЛОВНО ЗА ВЕАПОСКА: Нема да лежи 2 години во затвор, ако следните 4 не стори ново кривично дело

Основниот суд Струга го осуди гинекологот Мухамед Асани, поранешен директор на струшката болница, на условна казна од 4 години ако нестори кривично дело.

Тој е осуден за давање здравствени услуги без дозвола за работа затоа што во својата семејна куќа во нерегистрирана ординација како здравствен работник специјалист по гинекологија и акушерство, прегледувал пациентки и водел бремености од 2015 до 2020 година.

,,Му се утврдува казна затвор во траење од 2 години и истовремено се определува дека таа нема да се изврши ако осудениот во рок од 4 години не стори ново кривично дело”, стои во пресудата.

Според пресудата од декември 2022 година, до која дошле „Слободен печат“, доктор Асани во просториите на неговата семејна куќа во Струга, на приземје опремил ординација која не била регистрирана и означена и таму, од 2015 до 2020 година, водел контроли на бременост на пациентката Јалдз Веапоска како и на други две жени кои сведочеле на суд во поткрепа на таквите факти.

Со опишаните дејствија тој сторил кривично дело давање здравствени услуги без дозвола за работа и судот му изрече условна осуда.

Асани се товареше за несовесно лекување и вадење органи на родилката Јилдз Веапоска.

Според обвинението како што информира ОЈО, првообвинетиот како лекар – специјалист гинеколог акушер,  второобвинетиот како лекар – специјализант по гинекологија и акушерство и третообвинетата како лекар – гинеколог акушер, вработени во Јавната здравствена установа – Медицински центар – Струга, при укажување лекарска помош примениле очигледно неподобно средство и начин на лекување врз пациентка – родилка од Дебар, со што предизвикале влошување на нејзината здравствена состојба.

На друга жена која сведочела во судница, исто така во домашната нерегистрирана ординација Асани и наплаќал по четири или пет илјади денари од преглед за земање брисеви по контрола.

И трета жена, според наведеното во пресудата, сведочела дека Асани во домашната нерегистрирана ординација и ја водел бременоста. Таа изјавила дека забележала дека во близина на куќата стоел напис ,,Вила Мети”.

Асани се бранел дека имало изјави на сведоци после долг низ на години кои имале личен мотив против него и биле семејно поврзани.

Но, судот оваа одбрана не ја прифатил, затоа што се работи за одделен случај. Станува збор за судски спор кој во моментот се наоѓа во струшкиот основен суд, каде Асани заедно со неговиот син и уште една лекарка, се обвинети за отстранувањето на три здрави органи на родилката Јалдз Веапоска-матката, бубрегот и јајникот.

Првичното вештачење од Институтот за судска медицина покажа дека при царскиот рез, на Веапоска и била пробиена надбубрежната артерија, што довело до внатрешно крвавење и влошување на здравјето до степен да падне во шокова состојба и да и бидат извадени и матката, и бубрегот и јајникот. На 10 март во 10 часот продолжува судењето за тој случај.

Македонија

Македонските деца сè порано пробуваат цигари и алкохол: Првата цигара на 9 години, алкохол на 13

Резултатите од најновото истражување ЕСПАД 2024, презентирано од Институтот за јавно здравје, покажуваат загрижувачки тренд кај македонските ученици – дел од децата ја запалуваат првата цигара уште на деветгодишна возраст, додека првиот контакт со алкохол најчесто се случува околу 13 години.

Истражувањето било спроведено во 96 средни училишта со повеќе од 2.800 ученици и укажува и на значителен пораст на употребата на електронски цигари. Повеќе од една четвртина од учениците пробале е-цигари, а секој десетти ги користел во изминатиот месец.

Алкохолот останува најраспространета психоактивна супстанца меѓу адолесцентите, при што момчињата почесто пријавуваат рана употреба, интоксикација и тешко епизодно пиење. Речиси третина од учениците првпат консумирале алкохол на 13 години или помлади.

Иако помал обем се регистрира и употреба на седативи без рецепт, канабис и коцкање, овие појави се особено присутни кај машката популација. Надлежните институции предупредуваат дека овие трендови бараат засилени и современи превентивни мерки.

Од Министерството за образование и наука информираат дека училиштата веќе спроведуваат програми за превенција на злоупотреба на психоактивни супстанци, а од оваа учебна година е воведен и изборен предмет за здравствена писменост. Институтот за јавно здравје нагласува дека резултатите од ЕСПАД треба да послужат како основа за подобрување на политиките и заштита на здравјето на младите.

Continue Reading

Македонија

АХВ засилено ги контролира детските новогодишни пакетчиња: дел од нив повлечени поради неточни декларации

Во пресрет на новогодишните празници, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведе 262 вонредни инспекциски надзори за да ја провери безбедноста на детските новогодишни пакетчиња. Контролите беа извршени во магацини за пакување, маркетите и продавниците кои ги пласираат овие производи.

Поради несовпаѓање на роковите на збирната декларација со поединечните рокови на производите и непотполни декларации, инспекциските служби издадоа 4 решенија за повлекување на пакетчиња од промет. Дополнително, двајца оператори со храна добија наредби за ставање на комплетни збирни декларации на пакетчињата.

Од спроведените 262 инспекциски надзори, не се изречени парични казни и не е поништена ниту една храна како небезбедна. Во споредба со ланската сезона, кога беа утврдени сериозни неправилности како погрешни ознаки, истечен рок на употреба и промени во својствата на производите, годинава се забележани само минимални недоследности кај операторите.

АХВ најавува дека контролните активности ќе продолжат и во наредниот период, особено пред и по новогодишните празници, со цел да се осигура безбедноста на детските пакетчиња.

Continue Reading

Македонија

Итни мерки против аерозагадувањето активирани и во Скопје

По Кичево и Струмица, од денеска итните мерки за справување со аерозагадувањето се активираат и во Скопје, откако мерните станици регистрираа надминување на дозволените концентрации на штетни честички во повеќе скопски општини. Зголемената магла дополнително ја влошува состојбата, а високи нивоа на загаденост се забележани и во други градови низ државата.

Министерството за животна средина и просторно планирање ги активираше протоколите за заштита на јавното здравје, со посебен фокус на заштита на најранливите категории граѓани.

Согласно владините мерки, работодавците имаат обврска да ги ослободат од работни обврски бремените жени, лицата постари од 60 години, лицата со хронична астма, како и лицата кои прележале миокарден инфаркт или мозочен удар, без разлика на возраста.

Лекарите, особено пулмолозите, апелираат граѓаните да го ограничат престојот на отворено на минимум, доколку нема итна потреба. Според нив, најкритични се раните утрински и доцните вечерни часови, кога концентрациите на загадувачки честички се највисоки. Доколку е неопходно движење, се препорачува користење на јавен превоз наместо сопствени возила.

Надлежните институции ги повикуваат граѓаните редовно да ги следат препораките и официјалните соопштенија сè додека трае епизодата на загаден воздух.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг