Адел се расплака на сред концерт (ВИДЕО)

34-годишната пејачка му ја посвети и ја отпеа својата популарна песна Someone like you.

„Има маж во публиката, можете ли да го видите како го држи мобилниот телефон во воздух? Мислам дека тоа е неговата сопруга на екранот и мислам дека не е тука, тешко ме погоди. Не сфатив што е она што ми го покажувавте додека не се качив на сцената и навистина, многу ми е жал за вашата загуба“, рече Адел.