КАКО ДА И Е СЕСТРА – свекрвата на Антониа Гиговска е вистинска убавица, ќе стане млада баба (ФОТО)

Антониа Гиговска последниве недели е во фокусот на медиумите и јавноста. И заради музиката, но многу повеќе заради приватноста.

Антониа не ја симнаа од насловниците на порталите и коментарите на социјалните мрежи, откако обзнани дека е бремена и очекува дете со клавијатуристот од својот бенд, Роберт Спасенцоски со кого наедно ја криеја врската. Во тоа време се вртеа приказните околу неверството како причина за раскинувањето со сега екс-момчето и пријател на Роберт, пејачот Иван Јованов.

Сега веќе речиси се’ е на мегдан, но јавноста секогаш е гладна за нешто повеќе, а тоа повеќе секогаш и го има.

Уште пред да објават јавно дека се заедно, Вистина.мк пишуваше за соработката на Антониа и сега веќе идниот свекор Боби Спасенцоски, кој за пошироката јавност е познат и како естраден уметник, поточно пејач од македонската фолк естрада, а исто така и директор на државното училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“ од Скопје.

Тато Боби со веста дека ќе стане свекор јавно се пофали, а исто така напиша дека Антониа веќе ја смета за ќерка.

Од семејството Спасенцоски безгласна по ова прашање остана идната „баба“ и свекрва на Антониа која најмалку би личела на баба со својот младешки изглед.

Имено, сопругата на Боби, госпоѓата Весна Спасенцовска за разлика од својот сопруг не се огласила по повод главната новина во нивното семејство кое наскоро ќе стане поголемо.

Весна е активна на социјалните мрежи од каде може да се види дека е млада мајка, за која многумина би рекле дека е другарка на своите два сина, Роберт и помладиот Александар, па и на снаата.

Синовите многу често знаат да и посветат внимание на мама, да ја даруваат со цвеќе, ласкави епитети и тон внимание… А таа гордо да го истакне тоа пред своите пријатели на Фејсбук.

Антониа допрва ќе ја видиме како ќе изгледа во невестинско, но нема сомнеж дека свекрвата ќе ја помешаат меѓу другарките на невестата, а пак во иднина кога здравје ќе се роди внучето, тешко кој би ја гледал како баба, иако навистина ќе ја има таа важна улога, која без оглед на возраста и изгледот, веруваме дека ќе и ласка.