Connect with us

Македонија

Масовно на гробот на Делчев утре, за да порачаме дека Македонците НЕ се на иста страна со бугарските фашисти!

„Има непотврдена информација дека, наводно, ќе биде дозволено присуство на бугарска полиција демек да ги штити провокаториве. Ако се потврди ова како точно, тогаш да се посипеме со пепел, бидејќи тоа би било отворено признание дека немаме држава немаме и оти се остварува нивниот сон: враќање на бугарската чизма во Македонија. Јас и мојот соборец Драган Пешевски ќе бидеме присутни на позиција и НЕ МРДАМЕ!“ – објави адвокатот Јанаки Митровски на својот фејсбук-профил.

Во врска со ова во својата колумна со наслов „Гоцева стража“, која ја објави „Фокус.мк“, тој напиша: На четврти февруари ќе се навршат сто педесет и една година од раѓањето на најголемиот македонски национален деец Гоце Делчев. Постои иницијатива на 3 февруари по завршувањето на работното време да се самоорганизираме со дваесет и четири часовна стража на гробот на Делчев. Нормално е народот да се самоорганизира кога е предаден и продаден од квазиелитите. На таа иницијатива се приклучија многу граѓани и секако партиски паразити.

Добредојден е секој, на кој му е преку глава да мочаат врз нас фашистичките малоку*ци. Апелирам на сите, кои ќе бидеме присутни, да се воздржиме од било какви физички судирања со дојденците, затоа што тоа нема да ни донесе ништо добро, туку ќе ни нанесе само штета. Но апелирам и на масовност, со што ќе пратиме јасна порака дека НИЕ и ТИЕ историски НЕ сме на иста страна!

Покрај сите навреди, организирано ќе провоцираат и на гробот на Делчев. Јас немам проблем било кој да отиде и да се поклони на гробот на великанот. Бугарски граѓани и делегации тоа и го правеле децении наназад без никој да ги спречува. Но, оваа 2023-та е година на офанзива на бугарската фашизоидна надворешна политика, која на перфиден начин ја користи привилегијата на членство во ЕУ, давајќи им задача на нашите политичари да остварат ЕУ – членство, со барања кои се неприфатливи за било кој нормален човек.

Во оваа годишнина од раѓањето на Делчев се соочуваме со налетот на фашистичкото негирање на најосновното човеково право, на самоопределувањето, на правото ЈАС да сум она, што биле моите претци. Оваа политика ја води Бугарија со сесрдна помош на домашните квинслинзи. Инвазивната бугарска политика кон Македонија и Македонците се повеќе зема замав. Но, зошто не би земала замав кога нашите политички “елити” се познати давајгазовци. Имаме министер за надворешни работи, кој не ги есапи домашните органи на прогон, туку верува на наш државјанин, кој не е ниту бугарски државјанин, ама баш кога го апсат за кокаин национално се освестува.

Македонија

Германски воен авион наместо во Приштина – принудно слета во Скопје

Германски воен авион денеска не успеал да слета на аеродромот „Адем Јашари“ во Приштина поради недостиг на сертифициран персонал за слетување во услови на намалена видливост.

Од Агенцијата за воздушна навигација информираа дека другите летови функционираат нормално, а проблемот се однесувал конкретно на воениот лет.

Податоците од платформата Flightradar24 покажуваат дека авионот полетал од Берлин во 8:40 часот наутро и бил пренасочен кон Скопје, каде безбедно слетал.

Инцидентот повторно го отвори прашањето за техничката подготвеност на аеродромот во Приштина за слетувања во комплексни метеоролошки услови.

Continue Reading

Македонија

Инспекциите откриваат неправилности кај матичните гинеколози

09.12.2025 – Засилени контроли од страна на Управата за јавни приходи (УЈП) и Фондот за здравствено осигурување (ФЗОМ) открија дека дел од матичните гинеколози не издаваат фискални сметки за услугите кои ги наплаќаат.

Според неофицијални информации на „Слободен печат“, мерките следат по мониторингот на невладините организации од октомври 2024 година, кој покажал дека жените често плаќале за услуги кои би требало да бидат бесплатни, а без да добијат фискална сметка.

ФЗОМ истовремено ја проширил контролата и на други сектори, вклучувајќи ја службата за итна помош, како и проверка на реалноста на боледувањата и начинот на исплата на платите. Резултатите од сите инспекции се очекуваат да бидат објавени следната недела.

Директорот на ФЗОМ, Сашо Клековски, на прес-конференцијата се осврна и на проблемот со Клиниката за онкологија при Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, каде не се изработуваат анализи за тумор маркери.

Continue Reading

Македонија

Мицкоски: Додека јас сум премиер, нема да никне ниту еден шатор со илегални мигранти

mickoski

Премиерот Христијан Мицкоски денеска јасно го потенцираше ставот на Владата дека Македонија нема да прифати илегални мигранти и нема да дозволи поставување шатори за нив на територијата на земјата.

Повод за изјавата беа објавите на британските медиуми дека Велика Британија разгледува можност за депортирање на одбиени баратели на азил во Северна Македонија, при што секој депортиран мигрант би бил платен од британската страна. Мицкоски изјави дека со британските власти оваа тема не е разговарана и дека, доколку биде, Владата ќе ја одбие таквата опција.

„Во објавите се наведува ‘неуспешни апликанти за азил да ги праќаат во трети земји’. Да потенцирам пред македонската јавност – таква тема не е предмет на разговор, а и да биде, ќе биде одбиена од наша страна. Нашата цел е заеднички да се бориме против илегалната миграција и да ја браниме Европа“, рече Мицкоски.

Премиерот додаде дека опозицијата се обидува да го користи прашањето за мигрантите за политичка кампања, но нагласи дека борбата против илегалната миграција е фундаментална политика на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој најави и нов проект „Безбедна држава“, инспириран од концептот „Безбеден град“, кој ќе овозможи мониторинг на македонските граници и ќе го спречи илегалниот влез, шверцот и трговијата со луѓе.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг