Connect with us

Македонија

Зошто СЕ КРИЕ СПОМЕН СОБАТА ЗА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ во црковниот комплекс Свети Спас?

Спомен-собата на апостолот на македонската револуционерна борба, Гоце Делчев која се наоѓа во црковниот комплекс Св. Спас, каде се наоѓа и неговото вечно почивалиште, од доаѓањето на СДС(М) на власт успешно се крие од очите на јавноста, велат од Комисија за култура на ВМРО-ДПМНЕ.

Тие додаваат дека иако во истиот комплекс е вдомен и Конзерваторскиот центар – Скопје, сепак останува нејасно зошто власта и институциите задолжени за промоција на ликот и делото на Делчев остануваат неми и незаинтересирани за промоција и презентација на биографската историја на македонскиот великан, за чија намена беше обновена спомен-собата со едукативна цел и намена – македонските и странските посетители на ова култно место да се запознаат со ликот и делото на македонскиот револуционер.

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто СДС ја крие спомен собата на Гоце Делчев во Св. Спас? -  24 Инфо

– Проектот „Осовременување на постојаната музејска поставка Гоце Делчев – наш незаборав и вечен патоводител“ беше инициран и реализиран во периодот од 2013 до 2015 година, во време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, одобрен и фининсиран од Министерството за култура. Овој успешно реализиран проект за Делчев, денес во очи на неговиот роденден и јубилеј 120 години од загинувањето, тоне во заборав. Mузејската поставка фаќа прашина зад затворените врати, далеку од очите на јавноста, целосно игнорирана и заборавена од институциите на власта, потенцираат тие.

Нова музејска поставка во Спомен-собата на Гоце Делчев | skopjeinfo.mk

Според нив ваквиот девaстирачки пристап на Владата на СДС(М) кон сè што е македонско продолжува  успешно да се реализира, издигнувајќи се до степен на сопствена автоцензура, кога станува збор за промоција и презентација на македонската историја, притоа, плашејќи се и криејќи се од сопственото минато, свесно премолчувајќи сѐ што е поврзано со македонската историја, со една единствена  цел – да им се удоволи на уцените и барањата на соседите.

– Ваквиот наратив на македонско национално обезличување започнато во 2017 година метастазира на секое поле, па дури и со првиот симбол на Македонија, таткото на нацијата, Гоце Делчев. Од 2017 година изминаа повеќе чествувања и по повод раѓањето и по повод смртта на Делчев, а нему посветената и обновена музејска поставка сѐ уште не е претставена пред македонската јавност. Токму затоа институциите на власта се должни да дадат одговор пред македонската јавност: Зошто ја кријат спомен-собата на Гоце Делчев во комплексот Св. Спас подалеку од очите на народот? – прашуваат тие.

Македонија

Божиновска присуствуваше на шведската прослава на светлината

Вечерва Сања Божиновска присуствуваше на традиционалниот концерт во чест на Санта Луција, кој го организираше Шведската амбасада. Празникот е симбол на светлина, топлина и надеж во најтемните нордиски ноќи.

„Секогаш е убаво кога една традиција носи порака која допира подалеку од границите – дека светлината ја создаваме самите, и дека најмногу ни е потребна токму во студените, тивки моменти од годината“, изјави Божиновска.

Таа изрази благодарност до амбасадата за прекрасната атмосфера и можноста да ја почувствува оваа уникатна шведска традиција, која најавува доаѓањето на Божиќ со радост, музика и светлина.

Continue Reading

Македонија

Сообраќајот на Евзони повторно во прекин од 17 часот

АМСМ информира дека од 17 часот повторно е блокиран сообраќајот на Граничниот премин Евзони (ГП Богородица).

Според последните информации, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози и со умерен интензитет надвор од градските средини. На македонските гранични премини нема подолги задржувања за влез или излез од државата.

АМСМ апелира до возачите да возат со прилагодена брзина, да ја почитуваат поставената сигнализација и да бидат особено внимателни на патиштата низ котлинските и клисурните делови, каде што постои ризик од одрони. Најкритични се делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Continue Reading

Македонија

Студентите имаат уште десет дена за апликација за ваучери

Министерството за дигитална трансформација потсетува дека студентите имаат рок до 20 декември 2025 година да аплицираат за ваучери за електронски уреди.

Досега се доделени 42.606 ваучери, од кои 27.426 веќе се искористени. Во рамките на владината програма, предвидени се вкупно 55.000 ваучери за студенти на додипломски студии запишани во учебната 2025/26 година.

Ваучерите можат да се искористат најдоцна до 31 декември 2025 година.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг