Connect with us

Македонија

Апасиев од Кукуш: Учителе се плашат да дојдат тука оти си ги продадоа душите и се одрекоа од себе си

Published

on

Во пресрет на 4 февруари, денот на раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев, официјална делегација на Левица, предводена од лидерот Димитар Апасиев го посети родното место на Гоце, градот Кукуш во Егејска Македонија, соседна Грција.

Во стариот дел на градот, каде што се претпоставува дека некогаш се наоѓала родната куќа на Делчев, делегацијата составена од членови на Централниот комитет на Левица оддаде почит, положи свежо цвеќе и одржа пригодна беседа.

„Нема родендени со премолчени места на раѓање!

Нема родендени со наведнати глави!

Нема родендени со страв од името на Славеникот!

И досега можеа да дојдат овде Учителе, во твоето родно место, во Кукуш – градот на Делчев и на Влахов, ама се плашеа од твојот прекор, оти си ги продадоа душите, ја запустија земјата и се одрекоа од себе си.

Македонија денес е оваа нова освестена генерација предводена од Левица, составена од млади и борбени луѓе, кои на Твојот роденден во Твојот роден Кукуш го носи крикот на обесправените, понижените и негираните! Ама, го носиме и заветот кој извира од утробата на Македонија – дека не е доцна да се исправиме и да си ја сетиме силата.

Додека националните изроди коленичат пред амбасадите во Скопје, ние – здружени во Левица – го следиме Твојот пат! Одлучно тргнавме по патеката на правдата, националното достоинство и надежта на обесправените – пат кој единствено води до светот како поле за културен натпревар меѓу народите.

Тргнавме лево, почитувајќи ја народната волја, и стигнавме до колевката на Македонското револуционерно движење.

Среќен ти роденден, Учителе!“, порачаа од Левица.

Македонија

Предлог меморијален парк во Кочани: Вечно сеќавање на загинатите млади

Published

on

Во чест на 59-те млади животи кои трагично згаснаа во пожарот во Кочани, се предлага изградба на меморијален парк од 1.600 квадратни метри — тивок и достоинствен простор што ќе го чува нивното сеќавање и ќе понуди духовен мир за сите посетители.

Проектот опфаќа садење на високи тополи кои ќе создаваат чувство на заштита и интимност, како и меморијален ѕид со имињата на загинатите — траен потсетник на нивната жртва. Во средината на паркот ќе биде поставена фонтана, симбол на животот и обновата, а во близина ќе има мала црква, која ќе внесе духовна димензија и ќе биде место за молитва и смиреност.

Паркот ќе биде облагороден со зеленило, лаванда и други природни елементи, создавајќи мирна и медитативна атмосфера. Целта е овој простор да биде место каде што сеќавањето и тагата ќе се претвораат во надеж и сила, потсетувајќи на достоинството и сплотеноста на заедницата.

„Како граѓанин на Кочани чувствувам обврска да дадам свој придонес за ова место никогаш да не биде заборавено. Верувам дека ваков парк ќе ја одржи живата меморија за нашите сограѓани и ќе биде симбол на достоинството на целата заедница,“ изјави Дарко Арсов, авторот на иницијативата.

Continue Reading

Македонија

Извршител ја ставил на продажба деловната зграда на Соравија

Published

on

Извршителот Андреја Буневски по барање на доверител за спроведување на извршување од над 930 илјади евра, ја стави на продажба деловната зграда „Соравија“ во строгиот центар на Скопје.

Овој објект беше во фокусот на јавноста поради контроверзниот процес на промена на сопственичката структура на компанијата „Соравија инвест“, што го поседува овој објект. Станува збор за доверителот „Прва инвестициона банка“ од Бугарија засновано на извршна солемизација на договор за залог од 2.9.2022 година против должникот „Соравија инвест“.

Јавното наддавање на недвижниот имот на „Соравија“ е закажано за 24 април и за него се бара почетна цена 1.377.978.526 денари или околу 22,4 милиони евра, под која недвижноста не може да се продаде на првото јавно наддавање. Може да се наддаваат само лица кои претходно положиле гаранција во висина од една десетина од утврдената вредност на недвижноста, односно во износ од 137.797.853 денари или околу 2,2 милиони евра. Најповолниот понудувач е должен да ја уплати сумата во рок од 15 дена, или во спротивно ќе се закаже нова продажба

Continue Reading

Македонија

Мицкоски и Филипче утре ќе се сретнат во Владата

Published

on

Премиерот Христијан Мицкоски и претседателот на СДСМ, Венко Филипче, ќе остварат средба утре во владината зграда.

Претходно, денес, Мицкоски изјави дека е подготвен да го прими на средба лидерот на СДСМ, Венко Филипче, во кое било време.

„Стојам на располагање во секое време, ќе го прераспределам мојот распоред – ако треба на полноќ, или после полноќ за да го сослушам неговиот план и да видиме дали по тој план нешто може да се реши. Но ако планот опфаќа пристап каков што беше во минатото за време на ковидот, тогаш јас такви планови не можам да прифатам“, изјави Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања.

Денес, пред новинарите се обрати и Филипче, кој предложи нов концепт за политички и општествен дијалог. Тој очекува дека во фокусот на средбата ќе бидат образованието, здравството, правосудството, заштитата на животната средина и партизацијата во институциите.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк