Connect with us

Македонија

Дрска изјава од бугарското МНР: Властите во Скопје ги понижија бугарските граѓани

„Со длабоко жалење забележуваме дека 4 февруари 2023 година ќе влезе во историјата како датум кога властите во с. Македонија, од крајно неубедливи причини и кршејќи ги претходно дадените гаранции, не им дозволија на бугарските граѓани да му оддадат почит на делото и животот на Делчев“, реагира бугарсакото МНР.

Односот на властодршците во С. Македонија, како што стои во соопштението, Министерството го дефинира како понижувачки и неприфатлив кон бугарскиот народ и кон Бугарија.

Во периодот по 1991 година, Република Бугарија постојано демонстрираше искрена желба за развивање добрососедски односи со Република с. Македонија. По потпишувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка во 2017 година, се воспостави практика за заедничко славење на историските личности од нашата заедничка историја, како што нбесомнено е Георги (Гоце) Николов Делчев“ ставот на Министерството за надворешни работи (МНР) во врска со тензијата на границата при обид на бугарски граѓани да влезат во Македонија за прославата на роденденот на Гоце Делчев.

Потсетуваме, вчера падна системот за гранична контрола на граничните премини меѓу кои и на Деве Баир, каде поголем број бугарски граѓани не можеа, или се откажаа од патот кон Скопје.

„Дејствата на властите во Северна Македонија нанесоа сериозна штета на процесот на враќање на довербата, и покрај напорите на премиерот Галаб Донев, кој во сложена ситуација иницира процес на деескалација и вицепремиерот за јавен ред и безбедност и министер за внатрешни работи Иван Демерџиев, кој го посети Скопје токму за таа цел на 30 јануари оваа година, како и неговата посета денес“, додаваат во соопштението.

Македонија

ТВ21: Во Липково се појави огромна процеп во земјата

lipkovo

Екипата на ТВ21 излезе на терен по добиената информација за колосална пукнатина во земјата, регистрирана во атарот на Липково.

Драматичните снимки сведочат за длабок и широк расцеп кој претставува директна и сериозна опасност за околните објекти и виталната инфраструктура во регионот.

Станува збор за активно свлечиште кое веќе предизвикува значителна материјална штета и, што е најзагрижувачки, претставува непосредна закана за безбедноста на локалното население. Надлежните институции се повикуваат на итна реакција.

Извор: ВИДЕО: Огромна пукнатина на земјата кај Липково

Continue Reading

Македонија

Следното лето стартува изградбата на брзата пруга: Николоски со план за третата делница кон Бугарија

Министерот за транспорт и врски, Александар Николоски, со оптимизам кој влева надеж, ги открива деталите за реализацијата на двата капитални железнички проекти! Во ексклузивно интервју за МИА, Николоски најави интензивно темпо за модернизација на железницата.

Според првиот човек на Министерството за транспорт и врски, брзата пруга од Табановце кон границата со Грција оди „одлично“ и веќе е во фаза на сериозна подготовка.

„Работиме со престижна меѓународна компанија, препорачана дури и од Велика Британија. Веќе имаме најдобра индикативна понуда за финансирање и наскоро влегуваме во избор на изведувач“, потенцира Николоски.

Иако подготвителните активности се во тек, министерот е јасен – се очекува граѓаните да го видат вистинскиот почеток на терен, со машини и градежна опрема, идното лето!

Што се однесува до железничкиот Коридор 8 кон Бугарија, работите се интензивираат!

Додека делницата Куманово-Бељаковце е завршена, а Бељаковце-Крива Паланка е во полн замав, фокусот сега се префрла на последната, најтешка фаза. Николоски најави дека тендерот за изградба на третата делница – клучна за поврзување со соседот – ќе биде објавен до крајот на декември или најдоцна на почетокот на јануари!

„Веќе објавивме информација на европскиот сајт за тендерски процедури и очекуваме голем интерес. Во јануари веќе да имаме објавен тендер, и за надзор и за изведба“, изјави министерот Николоски.

Исто така, тој изрази силна надеж дека изградбата на меѓуграничниот железнички тунел со Бугарија ќе започне во 2031 година, под услов и бугарската страна да ја испочитува ветената динамика од бугарското министерство за транспорт.

Continue Reading

Македонија

Неодговорни граѓани го уништија сливникот со фасадно лепило

Скандал во Битола! Граѓанската несовесност достигна ново ниво.

На излезот од градот, на патот кон Кравари, неколку дена владееше хаос поради постојаното излевање на вода директно на коловозот. Ова не само што го попречуваше сообраќајот, туку и создаваше опасни услови за возачите.

Кога екипите на КЈП „Нискоградба Битола“ конечно интервенираа за да го исчистат проблематичниот сливник, ги дочека нешто катастрофално. Наместо вообичаениот смет, пронајдена е голема количина лепило за фасади, фрлено од неодговорни поединци кои буквално го зацементирале системот за одводнување.

Од „Нискоградба“ со директен апел до јавноста, заклучуваат: „Сепак, на крај, сè зависи од нас.“

Овој чин е остар потсетник за тоа колку е клучна граѓанската свест за одржување на градот. Додека комуналните служби се борат со последиците, јасно е дека без совеста на секој поединец, ваквите проблеми ќе продолжат да ја уништуваат урбаната инфраструктура.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг