Connect with us

Македонија

Димитриевски: Куманово НЕМА ДА ГИ ТРГА НАТПИСИТЕ на спомен плочите на кои пишува БУГАРСКИ ФАШИСТИЧКИ ОКУПАТОР

Published

on

Во мојот град нема да се тргаат натписите на спомен плочите на кои пишува бугарски фашистички окупатор, затоа што тој бил окупатор, а не бил администратор, изјави кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски за бугарската национална телевизија БНТ1.

– Значи, нас не окупира. Ако се сеќавате во периодот на окупација, доаѓаат бугарските војски во Македонија, тоа е свежа историја, ги чекаат на одредени места и градови со леб, сол и погача. Ја делат Македонија до Групчин и тоа ја потврдува желбата за чиста окупација и припојување на територија, реле градоначалникот на Куманово, Димитриевски.

Тој ова го изјави во вчерашното гостување во емисијата „Говори сега“ на бугарската национална телевизија БНТ1.

Македонија

Одложена седницата за разрешување на јавниот обвинител Коцевски

Published

on

Седницата на Советот на јавни обвинители, на која требаше да се разгледа предлогот за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, е одложена поради недостиг на кворум. Според претседателката на Советот, Душица Димитриеска, тројца членови биле отсутни, а јавноста ќе биде дополнително информирана за следните чекори.

Ова е второ одложување на оваа седница – првично беше закажана за 18 март, но беше поместена поради прогласената седумдневна жалост за жртвите од трагедијата во Кочани. Советот мора да го разгледа предлогот најдоцна до следната недела, бидејќи роковите сè уште течат.

Премиерот Христијан Мицкоски вчера изјави дека постапката за разрешување на Коцевски ќе биде запрена во моменталната фаза. Според него, обвинителите треба да продолжат со работата, особено во врска со истрагата за трагедијата во Кочани.

Владата на 11 февруари донесе одлука да поведе постапка за разрешување на Коцевски, кој беше избран пред една година со мандат од шест години. Министерството за правда изготви предлог-мислење за негово разрешување, обвинувајќи го дека постапувал во предмети во кои имал судир на интереси и дека требало да се изземе.

Коцевски ги демантира овие наводи, тврдејќи дека неговото постапување било во согласност со законот и роковите.

Continue Reading

Македонија

Приведен крадец во битолско, одзел нафта и масло од фирмата каде што работел

Published

on

На 25.03.2025 во 22.30 часот во с.Живојно, општина Новаци, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Меџитлија го лишиле од слобода Т.Н.(42) од с.Живојно поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела по член 235 и член 242 од Кривичниот законик.

При контрола на патничко возило „шкода“ без регистарски таблички, кое го управувал, биле пронајдени повеќе пластични туби со нафта и масло за машини за кои постои сомнение дека ги одзел во фирмата во која работи.

Возилото и тубите биле одземени, а лицето било предадено во СВР Битола и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Continue Reading

Македонија

Кривична пријава против четворица охриѓани за сторено кривично дело лихварство, изнудиле скоро 18 милиони денари

Published

on

СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.С.(34), А.Б.(28), Е.Б.(30), Н.Ј.(33), сите од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено продолжено кривично дело „лихварство“ по член 260 од кривичниот законик.

Во периодот од 2021 до 2024 година, пријавените во повеќе наврати на лице од охридско, преку неговата невенчана сопруга, му давале пари на заем, а после тоа договарале за себе несразмерна противправна имотна корист и со присилба им изнудиле вкупно 17.990.000 денари.

Парите, освен што биле уплаќани на сметките на пријавените, биле уплаќани и на сметките на други лица.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк