Димитриевски: Куманово НЕМА ДА ГИ ТРГА НАТПИСИТЕ на спомен плочите на кои пишува БУГАРСКИ ФАШИСТИЧКИ ОКУПАТОР

Во мојот град нема да се тргаат натписите на спомен плочите на кои пишува бугарски фашистички окупатор, затоа што тој бил окупатор, а не бил администратор, изјави кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски за бугарската национална телевизија БНТ1.

– Значи, нас не окупира. Ако се сеќавате во периодот на окупација, доаѓаат бугарските војски во Македонија, тоа е свежа историја, ги чекаат на одредени места и градови со леб, сол и погача. Ја делат Македонија до Групчин и тоа ја потврдува желбата за чиста окупација и припојување на територија, реле градоначалникот на Куманово, Димитриевски.

Тој ова го изјави во вчерашното гостување во емисијата „Говори сега“ на бугарската национална телевизија БНТ1.