СРАМНЕТИ СО ЗЕМЈА НАД 1.700 ЗГРАДИ, АПОКАЛИПТИЧНИ СЦЕНИ И ПЛАЧ – ТРАОРНО Е ВО ТУРЦИЈА И СИРИЈА

Сириското Министерство за здравство ја потврди смртта на најмалку 237 лица во областите под контрола на претседателот Башар ал Асад. Бројот на повредени достигна 639. Се очекува бројот на загинати да се зголемува.

Силниот земјотрес, кој според американскиот геолошки институт бил со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала, се случил денеска во 04:17 часот по локално времево близина на јужниот турски град Газиантеп, во близина на границата со Сирија, на длабочина од околу 18 километри, јави ДПА. Десетина минути подоцна следеше силен последователен потрес со јачина од 6,7 степени на длабочина од 9 километри.

Фаут Окај, потпретседател на Турција, утринава соопшти дека 1.710 згради се урнале и уништени низ цела Турција во страшниот земјотрес што рано утринава ја погоди земјата.

Според него, досега се пронајдени околу 500 жртви од земјотресот, додека според првите податоци што ги објави Окај, повредени се 2.323 лица.

Ова не е, како што наведува конечната бројка бидејќи во тек е голема операција за пребарување и спасување и таа информација се менува.

Акцијата за спасување продолжува континуирано.

Според првичните информации, од земјотресот беа погодени 10 градови: Газиантеп, Кахраманмарас, Хатај, Османије, Адијаман, Малатија, Шанлиурфа, Адана, Дијарбакир и Килис.