Страшна ДЕСТРУКЦИЈА – ВОЗНЕМИРУВАЧКИ ВИДЕА ОД ЗЕМЈОТРЕСОТ ВО ТУРЦИЈА

Два силни земјотреса рано утринава го погодија југот на Турција долж границата со Сирија, ја зафати Сирија, Иран и Израел, при што загинати се стотици луѓе, а објавени се и вознемирувачки видеа од моментот кога се случил смртоносниот земјотрес.

Првиот силен земјотрес бил почувствуван околу три часот по полноќ и според сеизмолошките податоци бил со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала. Еден час подоцна следеше уште еден, со јачина од 6,7 степени според Рихтеровата скала.