ИМАШЕ МОЌ НА 130 АТОМСКИ БОМБИ: Научник објави морничав звук од разорниот земјотрес

Турција официјално побара помош од сојузниците на НАТО за справување со последиците од земјотресот, од кои најсилниот беше со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала што се случи во понеделникот во 2:17 часот по средноевропско време. Покрај уште еден земјотрес со јачина од 7,5 степени според Рихтер, во понеделникот во југоисточна Турција се регистрирани дури 185 последователни потреси. Неколку земјотреси беа забележани во вторникот рано наутро. Најсилниот, со јачина од 5,5 степени е забележан во 4 часот и 13 минути.

Хамдула Ливаоглу, научник од Универзитетот во Коџаели, го објави застрашувачкиот звук произведен од разорниот земјотрес што ја погоди Турција во понеделникот рано наутро.

Видео:

7,7 büyüklüğündeki depremin sesi#Kahramanmaraş Pazarcık’ta meydana gelen 7,7 büyüklüğünde depremin sesi ortaya çıktı #deprem https://t.co/EwTv4SIyZD pic.twitter.com/uuyivEBmZh

— Habertürk (@Haberturk) February 6, 2023

– Човечкото уво не може да слушне фреквенции помали од 20 Hz. Фреквенциите на сигналот за земјотрес се исто така типично помали од 20 Hz. За да се претвори земјотресот во звук, брзините на појасот на сигналот за земјотрес што го снимаат сеизмометрите се зголемуваат во зависност од периодот на земање примероци и сеизмограмот се компресира. Така, фреквентната содржина е подигната до праговите што може да ги слушне човечкото уво – објасни Ливаоглу за Хабертурк.

Професорот Овгун Ахмет Ерџан, познат турски геофизичар, објави дека првиот земјотрес што ја погоди Турција имал моќност од 130 атомски бомби.