Connect with us

Свет

(ВИДЕО) Снимки од дрон од градовите: Не остана ништо, aпсолутно ништо!

Бројот на загинатите во двата разорни земјотреси што го погоди јужниот дел на Турција и северозападна Сирија се искачи на повеќе од 4.300.

Земјотресите оставија зад себе илјадници повредени луѓе, како и оние кои останаа без покрив над главата бидејќи цели станбени блокови се срамнети со земја. Огромната спасувачка операција се уште трае.

 Дваесет и четири припадници на Армијата, меѓу кои и две лица водачи на службени кучиња со кучиња, 10.000 ќебиња и 200 санитетски носила се испраќат за помош во Турција по силниот земјотрес што вчера ја погоди земјата. Од Дирекцијата за заштита и спасување се испраќаат 40 лица – припадници на републичките сили за заштита и спасување, со комплетна специјализирана опрема и материјално – технички средства за пребарување и спасување од урнатини, шест возила за транспорт на опремата и луѓето и две противпожарни возила. Министерството за финансии е задолжено до Владата да достави одлука за одобрување средства од резервите на Буџетот на Република Северна Македонија за 2023 година, во износ од 6 милиони денари за помош на настраданите во катастрофалниот земјотрес. Задолженија има и до други институции меѓу кои и до Министерството за здравство, во рамките на своите надлежности, итно да подготви и до Владата да достави одлука за обезбедување помош во вид на медицински персонал, медицинска опрема и лекови. 

-Сочувствуваме со нашите пријатели за ужасните последици од земјотресот и ќе преземеме сѐ што е можно во напорите за спасување животи од урнатините и поддршка на настраданото население, напиша премиерот Димитар Ковачевски на својот фејсбук-профил.

 Владата вчера на вонредна седница донесе одлуката за испраќање итна помош во Турција по катастрофалниот земјотрес во којшто има голема загуба човечки животи, повредени и голема материјална штета. Според последните информации, во земјотресто животот го загубиле најмалку 4.800 лица. 

Свет

260 животи загубени – Индија испраќа тим во САД да открие што се случило

Индија следната недела ќе испрати тим истражители во САД за да ги прегледаат податоците за смртоносната несреќа на авионот на компанијата „Ер Индија“ од јуни, јавува Блумберг, повикувајќи се на неименувани извори.

Истражителите ќе соработуваат со Националниот одбор за безбедност на транспортот (NTSB) и ќе ги анализираат податоците од црната кутија, како и информации од пилотската кабина на авионот. Целта е индиските експерти да ги споделат наодите и да помогнат во утврдувањето на причините за несреќата.

Засега нема официјална потврда за посетата на тимот од страна на САД. Во авиoнесреќата што се случи во јуни загинаа 260 лица.

Continue Reading

Свет

Чернобил е сериозно оштетен – контролата над радиоактивното зрачење е изгубена

Заштитната структура на напуштената нуклеарна централа во Чернобил, изградена за да спречи ширење на радиоактивен материјал, повеќе не ја извршува својата клучна безбедносна функција по нападот со беспилотни летала од февруари годинава, соопшти Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ).

Според извештајот, инспекцискиот тим на МААЕ минатата недела потврдил дека дел од конструкцијата на т.н. саркофаг се урнал како последица од нападот, со што структурата ги загубила своите „примарни заштитни функции“ – меѓу кои и задржувањето на радиоактивните честички.

И покрај тоа, не е регистрирано трајно оштетување на носечката конструкција и на контролниот систем, наведува агенцијата.

Раководителот на МААЕ, Рафаел Гроси, соопшти дека биле извршени привремени поправки на покривот, но истакна дека е неопходна целосна реконструкција за да се спречи понатамошно влошување на состојбата и да се гарантира долгорочна нуклеарна безбедност.

МААЕ препорачува дополнителни заштитни мерки, реставрација на оштетените делови и ажурирање на системите за следење на корозија и влага, како и надградување на програмите за континуирано мониторирање.

Нападот на 14 февруари, кога дрон ја проби надворешната обвивка и предизвика пожар, Украина го припиша на Русија, додека Москва ги негираше обвинувањата.

Сегашната заштитна конструкција околу реакторот број 4 – кој експлодираше во катастрофата од 1986 година – е поставена во 2019 година за да спречи дополнително ширење на радиоактивно зрачење. По нападот, нивото на радијација остана во нормални граници и немаше извештаи за зголемена изложеност, потврдија ОН уште во февруари.

Continue Reading

Свет

Молдавија во мрак: Руски напади врз Украина предизвикаа голем енергетски хаос

Молдавскиот оператор за пренос на електрична енергија „Молделектрика“ се соочува со сериозни потешкотии поради масовните руски напади врз украинската енергетска инфраструктура, кои синоќа предизвикаа прекини и преоптоварување на системите во регионот.

Според соопштението на операторот, голема електрана била исклучена, а интерконекциите со Украина и Романија достигнале критични нивоа. Поради надминување на планираниот проток, Молдавија побара итна помош од Романија за стабилизирање на мрежата, објави „Ле Монд“.

Русија синоќа ги нападна регионите Чернихив, Запорожје, Лвов и Дњепропетровск, таргетирајќи клучни објекти од украинската енергетска мрежа. Украинското Министерство за енергетика соопшти дека повеќе области – меѓу кои Киев, Лвов, Одеса, Чернигов, Запорожје, Днепропетровск и Николаев – претрпеле прекини во снабдувањето со струја.

Руското Министерство за одбрана тврди дека мета биле компании од украинскиот воено-индустриски комплекс, инфраструктура која „го поддржува неговото функционирање“, како и пристанишни објекти што се користат „во интерес на вооружените сили на Украина“.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг