ПОЛУДЕА по Бланка: Шпанска песна фаворит за Евровизија (Видео)

За Бланка Палома велат дека е една од ретките кои решиле да ризикуваат да појдат на Евровизија со необична песна во која навистина веруваат. Едноставна мелодиска линија, ефектен настап, едноставни, но привлечни костими, па дури и ракоплескање што ја придружува пејачката, сето тоа некако ја поврзува со минатогодишната српска претставничка Констракта. Двете песни на многумина им изгледаат како нешто што „не може да помине“ во Европа, додека на други им делуваат токму како „вистинската работа“.

Шпанија оваа година на натпреварот испраќа убавица која е вљубена во фламенко и, која, благодарение на жестоката нумера, победи на нивниот национален натпревар пред два дена.

El incipiente culto a Blanca Paloma, la ganadora de la edición del consenso  del Benidorm Fest | Televisión | EL PAÍS

Бланка има 33 години и ова е втор пат да конкурира за претставник на Шпанија. Исклучителниот вокал, енергичната изведба и одличната кореографија на придружната танцова група веќе оставија впечаток кај твитерџиите кои, ги следат кандидатите за песна на Евровизија. Многумина ја прогласуваат за фаворит, па дури и за сигурен победник.

Дали Европа е подготвена за фламенко? Ако се суди според коментарите на социјалните мрежи, тоа добро ќе го почувствуваат и оние кои не разбираат за што пее Бланка.

Песната „Eaea“ е посветена на нејзината длабока љубов кон детето, а убавата Шпанка ја посветува на баба и од која ја наследила љубовта кон традиционалната музика на својата земја. Слушнете ја!