ГЛАДНИ И БЕЗНАДЕЖНИ: Хаос во турските продавници по земјотресот (ВИДЕО)

Очајот и безнадежноста се се посилни во турската провинција Хатај, која беше најтешко погодена од разорните земјотреси во понеделникот. Толпи луѓе се слеваат во продавниците кои беа напуштени по земјотресот, а некои се отворени од властите за да можат луѓето да ги добијат најосновните артикли.

„Гладни сме“, рече еден човек.

„Погледнете што станавме“, рече една жена, „нашата човечност е мртва“.

Еден човек, кој го покри лицето со шал, зборуваше за недостигот на помош од турскиот лидер Реџеп Таип Ердоган.

„Имам деца“, рече еден човек налутено, „земам само јогурт за да јадат“

„Би платил сè, но тие не ги отвораат продавниците“.

Ердоган денеска ќе посети уште три области на југот на земјата кои се погодени од разорни земјотреси, јавуваат турските медиуми. Ќе ги посети јужните градови Газиантеп, Османије и Килис, кои се наоѓаат во близина на границата со Сирија, објави ТРТ Хабер.

Бројот на загинати во разорниот земјотрес, кој во понеделникот ги погоди Турција и Сирија е најмалку 16.035.

Во Сирија, вкупниот број на загинати е најмалку 3.162.