(ВИДЕО) Македонскиот армиски тим се огласи од Кахраманмараш, пратени уште 36 војници од АРМ

Македонската армија денеска испрати во Турција дополнителен тим од 36 припадници на баталјонот за специјални сили обучени за спасување и пребарување во урнатини. Тимот замина денеска претпладне од касарната „Илинден“ во Скопје.

Армискиот тим од Македонија, кој се наоѓа во градот Кахраманмараш, непрекинато е ангажиран во активностите за пребарување на теренот.

Војниците работат на пронаоѓање и извлекување на евентуално преживеаните, кои се наоѓаат во рушевините настанати од катастрофалните земјотреси.

Македонскиот армиски тим во Кахраманмараш, Турција

-Даваме максимум со надеж дека ќе успееме да спасиме и извлечеме живи луѓе. Остануваме тука се додека е потребно и продолжуваме професионално да ги извршуваме задачите со цел и надеж дека ќе спасиме што повеќе луѓе и да ја покажеме нашата солидарност со Република Туркије, велат македонските војници.

Во меѓувреме, дополнителниот армиски состав од 36 припадници од баталјонот за специјални сили обучени за спасување и пребарување во урнатини, денеска во претпладневните часови од касарната „Илинден“ во Скопје замина во Република Туркије.