Апасиев за Пендаровски: Вошка

Лидерот на Левица и пратеник Димитар Апасиев повторно го нарече претседателот Стево Пендаровски – вошка, откако тој изјави дека не е надлежен за набавката на лекот за цистична фиброза.

По веста за починатиот пациент болен од цистична фиброза, Благојче Илијевски со рекација се јавија од Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски. Од таму посочуваат дека за оние кои ги разбираат работите, претседателот не е надлежната институција за набавка на лекови.

За жал, не бил неписмен само пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, туку и оние кои го пишувале соопштението на таа политичка партија. Ако можеме некако да им помогнеме на луѓето во ВМРО-ДПМНЕ, во прилог им го доставуваме барањето на Асоцијацијата за цистична фиброза за средба со претседателот во јуни 2021 година, во кое ниту тие не бараат претседателот да ги набавува неопходните лекови, затоа што знаат дека надлежните институции за тоа се Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување“, реагираат од Кабинетот на претседателот во врска со ставовите искажани од страна на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, за претседателот Стево Пендаровски, кои се однесуваат на ветувања за набавка на лекот за цистична фиброза.

Од таму додаваат дека не веруваат ни дека јасната содржина во двата документи ќе им помогне да разберете за што се работи, затоа што е јасна целта на ВМРО-ДПМНЕ, да го дискредитирате политичкиот противник и кога немаат буквално ниту еден аргумент на своја страна.

„Нечовечки е да ги злоупотребувате личните и семејните трагедии на луѓето за добивање на политички поени“, велат од Кабинетот на Пендаровски.