Connect with us

Свет

Авторот на најтрогателната слика од Турција откри што му кажал неутешниот татко: „Снимај го моето дете…

Published

on

Таткото сакаше светот да ја види неговата и тагата на неговата земја. И светот ја виде. Фотографијата на АФП се појави на насловните страници на светските весници.

Тоа беше момент кој ја опишува неиздржливата болка од земјотресот во Турција: татко ја држи за рака својата петнаесетгодишна ќерка, единственото нешто што се гледа на нејзиното тело згмечено од бетон.

Месут Ханчер седел сам на купот скршени цикли и бетонски блокови што некогаш беа негов дом, несвесен за светот и обземен од тага. Почина неговата ќерка Ирмак. Но, тој одбил да ја пушти, галејќи ги прстите кои се гледале од душекот на кој спиела девојката кога се случил првиот земјотрес пред зори во понеделникот.

Немаше спасувачки екипи. Преживеаните избезумени го пробиле патот низ урнатините за да ги најдат своите најблиски. Било предоцна за Ирмак, една од речиси 21.000 загинати во најсилниот земјотрес што ги погоди Турција и Сирија во изминатиот век.

Искусниот фотограф на АФП, Адем Алтан, кој побрзал на местото на настанот од Анкара, не можел да го тргне погледот од неподвижниот татко кој немо тагувал. Тој го насочил фотоапаратот кон Ханчер на далечина од 60 метри. Тоа бил чувствителен момент. Но, наместо можеби да го избрка, таткото го поканил фотографот во својот дом.

-Сними го моето дете, му рекол со тивок растреперен глас.

Таткото сакал светот да ја види неговата и тагата на неговата земја. И светот ја виде. Фотографијата на АФП се појави на насловните страници на весниците ширум светот, вклучувајќи ги и Фајненшл Тајмс и Волстрит журнал.

-Додека снимав, постојано си велев „колку голема болка е тоа“. Не можев да се сопрам од плачење. Останав без зборови, изјави Алтан. Го прашал како се вика и како се вика ќерка му.

-Тешко му беше да зборува, па не можев премногу да разговарам со него, рече Алтан.

Алтан не можел да поставува прашања. Тишината била неопходна за да се слушне дали има преживеани под урнатините кои бараат помош. Со 40 годишно искуство,  Алтан знаел дека оваа фотографија ја претставува болката на Турција. Но, неговото глобално влијание го изненади. Споделена е стотици илјади пати на Интернет. Алтан доби илјадници пораки од луѓе ширум светот кои сакаат да понудат поддршка.

-Многумина ми кажаа дека никогаш нема да ја заборават оваа слика, рече тој.

Свет

Заврши телефонскиот разговор помеѓу Трамп и Зеленски: Американскиот претседател откри детали

Published

on

Телефонскиот разговор меѓу Доналд Трамп и Володимир Зеленски предмалку заврши, објави американскиот претседател на неговата социјална мрежа „Truth Social“, пренесува Би-Би-Си.

Трамп го опиша повикот како „многу добар“, додавајќи дека траел околу еден час.

„Голем дел од разговорот беше посветен на вчерашниот телефонски разговор со претседателот Путин, со цел да се усогласат барањата и потребите на Русија и Украина“, напиша Трамп.

„Ние сме на добар пат“, додаде тој.

Трамп исто така изјави дека побарал од државниот секретар Марко Рубио и советникот за национална безбедност Мајк Волц „да дадат прецизен преглед на темите што се дискутирале“.

Тој најави дека ќе следува дополнителна изјава „наскоро“.

Continue Reading

Свет

Американците бараат помош од Европа

Published

on

САД поради птичјиот грип уништиле повеќе од 170 милиони кокошки, што довело до недостиг на јајца. Затоа, Американците сега контактираат со Европјаните, па и со Германците, барајќи кокошкини јајца.

„Примивме барање од САД“, потврдил портпаролот на германската асоцијација на производители на живина. Тој, сепак, не дал повеќе детали.

Јајцата во САД станаа дефицитарни и драматично поскапеа поради епидемиолошките мерки. Минатата недела, медиумите во неколку европски земји, вклучувајќи ги Данска и Шведска, известија дека американските власти контактираат со нивните производители барајќи да го зголемат извозот, пренесува dpa.

Претседателот на германската асоцијација, Ханс-Петер Голдник, претходно изјавил дека САД преку берзата директно увезле одредена количина кокоши јајца.

Сепак, Германија не може многу да помогне, бидејќи и самата нема доволно. Во 2023 година, домашното производство покрило 73 проценти од потрошувачката, додека остатокот бил увезен.

Американската администрација засега не потврдила дека се распитува за увоз на кокошкини јајца од Европа.

Continue Reading

Свет

Домот на Советот на градот Перт прекриен во боите на македонското знаме во знак на почит

Published

on

Градот Перт во Австралија, каде што живее бројна македонска заедница, изрази сочувство за сите загинати и повредени во трагедијата во Кочани, во која загинаа 59 лица, а 176 се повредени.

По тој повод, Домот на Советот во центарот на градот вечерва по локално време покриен со црвено-жолти македонски бои за да се изрази почит, тага и поддршка за сите жртви, нивните семејства и сите граѓани кои тагуваат поради оваа трагедија.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк