АЗЕРБЕЈЏАНЕЦОТ КОЈ ГО ЗАСРАМИ СВЕТОТ – Во стариот автомобил стави се што има и тргна во Турција да помага (Фото)

На социјалните мрежи се шири трогателна фотографија од Азербејџанец кој го натовари својот стар дотраен автомобил со работи и тргна да и помогне на разурнатата Турција од земјотресот.

Повеќе од 21.000 луѓе ги загубија животите во разорните земјотреси. Бројките се уште растат, а хуманитарната криза се повеќе ескалира. Првата земја која и пријде на помош на Турција е Азербејџан од каде тргнаа спасувачките екипи, а луѓето се организираа и почнаа да испраќаат помош.

Од трошна куќа до опустошена Турција

Еден од нив е и Сервер Беширли кој со својот брат го наполнил стариот автомобил со работи и од својата трошна куќа во Баку тргнал кон Турција.

  • И ние ја доживеавме оваа катастрофа. Имаше жени без никаква облека и обувки. И ние го доживеавме тој период, го знаеме тоа чувство. Не помагавме само ние, туку помагаат и другите Азербејџанци, дури и оние што живеат во други земји. Бев сведок на ситуација кога една девојка дојде, го соблече палтото и го даде во добротворни цели, рече тој, пренесува Index.hr.

Симбол на солидарност

Неговиот благороден чин трогна многу луѓе, особено откако ги дозна условите во кои и самиот живее, а многумина коментираа дека секогаш најмногу му даваат поддршка на оние кои имаат најмалку.

Фотографијата стана симбол на солидарност и заедништво, а само на Твитер е прегледана три милиони пати и споделена речиси 2.000 пати, со што е соборен рекордот за споделување на социјалните мрежи.