Connect with us

Свет

„Утре сум на училиште“, се првите зборови на малиот Ахмет откако е спасен (Видео)

По катастрофалниот земјотрес кој ги зафати Сирија и Турција најтешко е погоден регионот на Алепо, кој е под контрола на Сириската ослободителна армија и групи кои се противат на Башар ал Асад, што ја отежнува потрагата и ги принудува луѓето сами да се снаоѓаат.  Покрај возрасни, спасувачките екипи од под рушевините во изминатите три дена извлекуваат и бебиња, овој пат во Антакија Турција, беше спасенобебето Хелен.

Бебињата пронајдени сами по земјотресот во делови на Турција, се безбедно пренесени во Анкара. Спасувачките екипи изјавија дека чувствуваат мирис на тела додека копаат низ урнатините.

– Дефинитивно очајна ситуација, се надеваме дека долу се уште има живи  лица. Повеќето од луѓето што ги најдовме под урнатините беа мртви.

„Утре сум на училиште“, се првите зборови на малиот Ахмет откако е спасен по 70 часа во урнатините.

– Ќе ти дадеме гума за џвакање Ахмед. Веќе имаме подготвен чоколаден леб. Ајде, мој Ахмед, ајде момче мое.  

Дете: „Утре сум на училиште“.

При посетата на еден од погодените региони, Ердоган рече дека илјадници спасувачи се мобилизирани и дека нема да бидат поштедени напори во суровите зимски услови, призна и дека имало извесни пропусти во првичните напори за справување со последиците од земјотресот. Тој денеска ги посети јужните градови Газиантеп, Османије и Килис, кои се наоѓаат во близина на границата со Сирија.

– Не е можно да се биде подготвен за таква катастрофа. Нема да оставиме ниту еден наш граѓанин без грижа. – изјви Реџеп Таип Ердоган- претседател на Турција.

Експертите велат дека еден од клучните фактори во оваа борба за живот е времето, кое е целосно против спасувачките тимови бидејќи температурите често се под нулата. Според нив тоа значи дека е можна и хипотермија и дека луѓето, за жал, исто така умираат поради временските услови.

Свет

Силен земјотрес од 7,6 степени ја погоди северна Јапонија — издадени цунами-предупредувања

На 8 декември 2025 година, силен земјотрес со магнитуда 7,6 го погоди североисточниот дел од Јапонија, во близина на префектурата Аомори.

Потресот се случил околу 23:15 по локално време, на длабочина од околу 53 километри, а како резултат беше издадено тсунами-предупредување за приморските региони, вклучувајќи ги префектурите Аомори, Ивате и Хокаидо.

Иако информациите сѐ уште се прибираат, локалните медиуми јавуваат за евакуации на жителите од крајбрежните подрачја, привремено прекинати железнички и дел од инфраструктурните услуги, како и прекини во снабдувањето со електрична енергија во некои области.

Земјотресот предизвика сериозно тресење — според првичните оценки, интензитетот на потресот одговара на „upper-6“ на јапонската скала за земјотреси, што значи дека може да предизвика свртување на мебел и оштетувања на градби.

Актуелниот порој на природни катастрофи доаѓа во момент кога Јапонија е веќе на листата на земји со висока сеизмичка активност, поради што властите апелираат на граѓаните да ги почитуваат упатствата за евакуација и да се подготват на можни појави на афтершокови.

Ќе ги следиме официјалните информации и ќе известиме за развојот на настаните.

Continue Reading

Свет

Володимир Зеленски: Договорот за мир е далеку – прашањата околу Донбас сѐ уште се неразрешени

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, предупреди дека актуелниот мировен план останува далеку од реална разрешница, откако се покажува дека споровите околу контролата на регионот Донбас сѐ уште не се локализирани. Според неговите зборови, без решавање на овие клучни прашања, нема услови за доверба и траен мир.

„Во овој момент, не може да зборуваме за договор – нема точна согласност за Донбас, и тоа е најтешкиот дел од мировниот предлог“, порача Зеленски.

Зеленски нагласи дека Украина останува отворена за мир, но мора притоа да бидат обезбедени безбедносни гаранции и јасни граници на договорите – вклучувајќи ја и територијалната целовитост на земјата.

Во меѓувреме, дипломатските интензивни преговори меѓу Киев, Вашингтон и партнери од Европа продолжуваат, со надеж дека ќе се најде заеднички основ за преговори, но од Украина велат дека сѐ уште нема доволно консензус за да се приклучи мировниот договор.

Continue Reading

Свет

Трамп: Володимир Зеленски „не е подготвен“ да го прифати мировниот план на САД

Американскиот претседател Donald J. Trump изјави дека украинскиот лидер Volodymyr Zelenskyy не е подготвен да го потпише мировниот предлог што го подготвиле САД, на крајот од неодамнешните преговори.

Според Трамп, документот бил испратен на преглед, но лидерот на Украина, како што оцени – „не го прочитал“, иако, според американскиот претседател, предлогот, според него, имал поддршка од народот.

Тој оценува дека сега е разочаран од односот на Киев, обележувајќи дека одбивањето да го разгледа мировниот план дополнително ја комплицира ситуацијата.

Во меѓувреме, украинските власти реагираа дека преговорите се сложени и дека трае проверка на сите детали, истакнувајќи дека ситуацијата е сериозна и бара внимателен пристап.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг