Во Србија, четири од петте водечки обложувалници во 2024 година го зголемиче својот профит и заедно заработиле над 120 милиони евра, објави Нова економија.
Во Србија работат 19 компании кои имаат обложувалници, а има многу повеќе компании кои покрај класично обложување нудат и слот автомати – 61.
Има 27 онлајн обложувалници и две компании кои поседуваат казина.
Петте најголеми, кога се гледа профитот, се Mozzart, Max bet, Balkan bet, Phuket и Meridian tech. Mozzart поседува 477 обложувалници, Max bet 342, Balkan bet 104, Phuket 286 и Meridian tech 131 обложувалница.
Според податоците од финансискиот извештај, Mozzart 2024 година ја завршил со добивка од над 5,3 милијарди динари, што е околу 45,5 милиони евра.
Овој резултат претставува зголемување во однос на 2023 година, кога Моцарт остварил нето добивка од околу 4,7 милијарди динари (околу 40 милиони евра). Таа компанија ја завршила 2022 година со добивка од 36,3 милиони евра. Една година претходно, во 2021 година, нивниот профит изнесувал 21 милион евра.
Тоа значи дека нивниот профит во 2024 година е зголемен за околу 14 отсто во однос на една година претходно. Гледајќи го подолгиот период, од 2021 до 2024 година, добивката е зголемена за речиси 120 проценти.
Компанијата за обложување МаксБет го удвои својот профит од 1,32 милијарди динари (11,28 милиони евра) во 2023 година на повеќе од 2,59 милијарди динари (22,16 милиони евра) во 2024 година.
Во претходните години, 2022 и 2021 година, Max bet забележа добивка од 15,36 и 8,66 милиони евра. Така, за една година оваа компанија остварила раст на добивката од 97 отсто, додека растот од 2021 до 2024 година е дури 155 отсто.
Балкан Бет ја зголеми добивката од 1,21 милијарди динари (10,3 милиони евра) во 2023 година на 1,81 милијарди динари (15,4 милиони евра) во 2024 година.
Станува збор за раст од нешто помалку од 50 проценти. Кога се гледаат годините 2021 и 2022 година, може да се забележи дека Балкан Бет остварил добивка од 7,15 милиони евра во 2022 година. Една година претходно, во 2021 година, добивката била драстично помала и изнесувала околу 39.700 евра.
Голем пораст на добивката во текот на 2024 година доживеа и компанијата Пукет, која е сопственик на обложувалниците Soccerbet. Го зголеми својот профит од 1,17 милијарди динари (10 милиони евра) во 2023 година на 3,54 милијарди динари (30,2 милиони евра) во текот на 2024 година. За само една година оваа компанија имаше раст на добивката од дури 202 отсто.
Ако овде се забележат и претходните години, може да се види дека Phuket имал профит од 21,7 милиони евра во 2022 година, а околу 12,1 милиони евра во 2021 година. Така, од 2021 до 2024 година оваа компанија имала пораст од околу 150 проценти.
За разлика од тие обложувалници, Meridian Tech забележа благ пад во 2024 година – на 1,07 милијарди динари (9,2 милиони евра), од 1,12 милијарди динари (9,6 милиони евра) постигнати во 2023 година.
Тоа е пад од околу четири проценти. Таа компанија имала добивка од 9,9 милиони евра во 2022 година, а околу 7,3 милиони во 2021 година. Гледајќи во период од неколку години, односно од 2021 до 2024 година, остварен е раст на добивката од околу 26 отсто.